C Центар за Култура "Браќа Миладиновци" - Струга
Jul, 18

ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА Ако го менуваш светот, почни од себе-Времеплов.

Не пропуштајте ја РЕПРИЗАТА на театарската претстава „Времеплов“ , која е напишана и во која играат средошколци од Струга, кои претходно поминаа низ разни обуки и го развија својот талент во глума, пишување, дизајн на костими и сценографија...
18 јули СРЕДА ПОЧЕТОК 20 ЧАСОТ  ВЛЕЗ 50 ДЕНАРИ

Играат:
Ангела Лабоска, Слободан Тортоски, Елена Мечкароска, Адиса Ибушоска, Даниел Шикоски, Сузана Ѓоршеска, Васко Маркоски, Ангела Делиовска, Јасмин Мемедоски, Алдин Далипоски, Елма Јускоска, Кристина Блажеска, Јасмир Мемедоски, Евгенија Анѓелкоска, Кристина Алексиеска, Катерина Милеска, Божин Шаревски

Драмски автори:
Евгенија Анѓелкоска, Елена Мечкароска, Кристина Блажеска, Елма Јускоска, Мерлина Дервишоска, Асмира Демироска, Даниел Шикоски, Кристина Алексиеска, Васил Маркоски

Драматург:
Кристина Алексиеска

Костими:
Златка Кувенџиеска, Исидора Миладинова, Јасмина Дуновска, Теодора Миладинова

Асистент на режија:
Доронтина Крека

Авторска екипа:
Драмски автор-Ева Камчевска, Костимограф-Кристина Мукоска, Режија-Драгана Милошевски Попова


Времелов е динамична драма каде што ја гледаме Струга во 2025 година и денес. Се преплетуваат судбините на три семејства, се открива традицијата и стереотипите кои се вкоренети во луѓето, независно дали се од град или од село. Но, иако понекогаш однесувањето на некои од ликовите може да изгледа сурово и строго, сепак секогаш водечки поттик за ваквото однесување е исконската љубов на родителот кон своето дете.

3 Коментари

Остави коментар

Коментирај