C Центар за Култура "Браќа Миладиновци" - Струга
Jun, 20

изложба „МОЌТА НА БОИТЕ“

Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во петок 22.06.2012 18 часот, ќе биде отворена изложбата „МОЌТА НА БОИТЕ“, организирана од германската амбасада и Универзитетот ЕСРА.
„Моќта на боите“ (FARBWERTE) е проект на Берлинскиот креативен директор Роберт Ајзолт, кој воедно ги повикува уметниците содржински и уметнички да се занимаваат со националното знаме на Германија. Во проектот се вклучени и ученици од ЕСМОД - модно училиште во Берлин, а тие врз основа на своите лични размислувања за Германија изработиле облека и разни предмети од кои на изложбата ќе бидат презентирани и фотографии.

Досега ваков тип на проектни презентации и изложби се организирани во Шангај (на Германскиот павиљон ЕКСПО 2010), како и во Пекинг, Кантон, Техеран, Џакарта, Маскат, Дака, Атина и Берлин.

15 Коментари

Остави коментар

Коментирај