C Центар за Култура "Браќа Миладиновци" - Струга
Apr, 05

Годишен концерт на КУД “ИЛИНДЕН“ Струга

Во Центарот за култура„ Браќа Миладиновци“ - Струга на ден 06.04.2012 (петок) во 19:00 часот ќе се одржи концерт на културно уметничкото друштво “Илинден“.

Гости на концертот се и КУД „Драслачанка“, драмското студио „Миладин“ и студиото за модерен балет „БАХ“.

Културно уметничкото друштво "Илинден" од Струга, е амбасадор и презентер на македонскиот фолклор во Македонија и во цела Европа, и е еден вид на "жив музеј" на македонското фолклорно богатство, кое го претставува идентитетот и историјата на македонскиот народ.

Народната фолклорна група "Илинден" е основана во 1979 година со цел да се собери и да се сочува македонското фолклорно богатство: ора, песни, инструменти, богатите и оригинални народни носии, и да се претстави целата земја во странство преку концерти, фестивали и други културни перформанси.

Освојувањето на срцата на публиката се должи благодарение на високата уметничка презентација на успешни кореографии на танц, песни и убави народни носии, кои се направени пред неколку децении. КУД "Илинден" има учествувано во повеќе од 1000 концерти, фестивали и други културно-уметнички програми, со повеќе од 3 милиони посетители. Успехот на оваа група може да се мери со многубројните награди и сертификати.

1 Коментари

Остави коментар

Коментирај