ОДЛУКА
Врз основа на член 21, член 22 став (3) од Законот за работни односи, член 13 став 2 алинеја 7 од Статутот на РСМ НУ - Центар за култура „Браќа Миладиновци“ - Струга и објавениот оглас за вработување, објавен во весниците „Нова Македонија“, „Слободен печат“ и „Коха“ во декември 2021 година, в.д. директорот, донесе
ОДЛУКА
за избор на кандидат за работното место - Соработник за драмска дејност
1. Кандидатот Жаку Мелинда се избира за работа на неопределено работно време.
2. Со лицето ќе се склучи договор за вработување на неопределено работно време.
3. Одлуката стапува во сила на денот на донесувањето.
4. Рокот за приговор е 8 (осум) дена од денот на приемот на Одлуката, до Управниот одбор на Националната установа
- Центар за култура „Браќа Миладиновци“ - Струга.
Образложение
Од кандидатот на објавениот оглас за вработување беше поднесена пријава.
Пријавата беше поднесена во рамките на определениот рок, така што беше земена во разгледување, од страна на Комисијата за постапката за вработување.
Во пријавата кандидатот наведува дека с е пријавува за работното место кое е објавено во огласот.
Кон пријавата беа поднесени бараните документи, видно од записник за административната селекција за проверка на веродостојност на податоци и докази доставени од кандидатите на јавниот оглас од 30.12.2021; интервју со кандидатот кој успешно ја поминал постапката на веродостојност на докази од 28.2.2022 г..
Од страна на Комисијата се констатира дека кандидатот ги има испратено бараните документи, истите се валидни и веродостојни и истиот ги исполнува условите за прием на работното место.
Кандидатот ги исполнува условите за вршење на работата, општите услови утврдени во Законот за работни односи и посебните услови за работното место утврдени во Правилникот за организација и систематизација на работните места во Националната установа - Центар за култура „ Браќа Миладиновци“ - Струга.
Како резултат на сето горе наведено се донесе Одлуката за избор.
Со избраниот кандидат ќе се склучи договор за вработување.
ДН. - Архивата на установата в.д. Директор
-Работникот Николина Велкоска Глигороска