Врз основа на член 17 став (7) од Законот за вработените во јавниот сектор, врз основа на член 36 став 1 точка 5 од Законот за културата и член 127 став 2 од Колективниот договор за културата, директорот, донесе
ПРАВИЛНИК
за систематизација на работните места
(Пречистен текст)
I.ОСНОВНИ ОДРЕДБИ
Член 1
Со овој правилник се утврдува вкупниот број на вработените (административни службеници, даватели на услуги, помошно – технички лица), распоредот, шифрите, називите и описот на работните места по организациони единиции посебните услови потребни за извршување на работите и на задачите на одделните работни места.
Член 2
Работите и задачите што се вршат се определуваат, согласно нивната сродност, меѓусебна поврзаност, видот, обемот и степенот на сложеноста, одговорноста и другите услови за нивното извршување.
Член 3
Работите и задачите утврдени со овој правилник претставуваат основа за вработување и распоредување на вработените.
Член 4
Табеларниот преглед на работните места е даден во прилог и е составен дел од овој правилник.
II.РАСПОРЕД И ОПИС НА РАБОТНИТЕ МЕСТА
- РАСПОРЕД НА РАБОТНИТЕ МЕСТА
Член 5
Во овој правилник се утврдени и опишани вкупно 50 извршители на работни места на административни службеници, даватели на услуги и помошно-технички лица, распоредени по организациони единици согласно Правилникот за внатрешна организација , од кои пополнети се 23 извршители.
Член 6
Работните места на административните службеници согласно Законот за административни службеници се распоредени на следниот начин:
Ниво В1:
- 1 (Советник за административни, општи и правни работи)
- 1 (Советник материјално-финансиско работење)
Ниво В2:
1(Виш соработник за човечки ресурси)
1(Виш соработник – технички секретар)
Ниво В3:
- 1 (Соработник за административни, општи и правни работи)
- 1 (Соработник за маркетинг и односи со јавност)
Ниво В4:
- 1(Помлад соработник за информатички работи)
- 1(Помлад соработник за технички секретар)
- 1(Помлад соработник за човекови ресурси)
- Ниво Г1:
- 1 (Архивар)
- 1(Помлад референт – благајник)
Работните места даватели на услуги согласно Законот за културата се распоредени на следниот начин:
Категорија Г – стручни соработници во дејности од областа на културата:
Ниво Г1:
- 1 (Програмски раководител)
Ниво Г2:
- 1 (Стручен соработник за сценска-музичка дејност)
- 1 (Стручен соработник за драмска дејност)
- 1 (Стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура)
- 1 (Друг стручен соработник во културата)
Ниво Г3:
- 1 (Соработник за сценска-музичка дејност)
- 1 (Соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура)
- 1 (Соработник за драмска дејност)
- 1 (Соработник за фолклорна и сценско уметничка дејност)
- 1(Соработник за литературна дејност)
- 1(Соработник за филмска дејност)
Категориј Д– стручни соработници во заштитата на културното наследство:
Ниво Д1:
- 1 (Библиотекар – советник)
Ниво Д2:
Ниво Д3:
- 3(Библиотекар)
- 1(Друг стручен соработник во заштита на културното наследство)
Категорија Ѓ – соработници во заштитата на културното наследство:
Ниво Ѓ1:
- 1(Самостоен библиотекарски помошник)
Ниво Ѓ2:
- 4 (Библиотекарски помошник)
- 1(Документатор техничар)
Работните места на помошно – техничките лица се распроредени на следниот начин:
Подгрупа 1,
Ниво А1
- 1 ( Машински техничар)
- 1 (Градежен техничар)
- 2 (Кинооператор)
Подгрупа 1,
Ниво Б1:
Подгрупа 1,
Ниво Б2:
Подгрупа 1,
Ниво Б3:
Подгрупа 2,
Ниво А1:
2 (Работник за обезбедување);
Подгрупа 5,
Ниво В1:
2 (Книговезец).
I. ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА СИТЕ КАТЕГОРИИ НА ВРАБОТЕНИ
Член 7
(1) Посебни услови утврдени со закон за стручните административни службеници од категоријата В се:
- стручни квалификации, и тоа:
- за нивото В1 ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен и
- за нивоата В2, В3 и В4 ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
- работно искуство, и тоа:
- за нивото В1 најмалку три години работно искуство во струката,
- за нивото В2 најмалку две години работно искуство во струката,
- за нивото В3 најмалку една година работно искуство во струката,
- за нивото В4 со/ без работно искуство во струката
Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазаци на Европската Унија (англиски, француски, германски),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
(2) Посебни услови утврдени со Законот за административните службеници/друг посебен закон или колективен договор за помошно - стручни административни службеници од категоријата Г се:
- ниво на стручни квалификации V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование.
- работно искуство, и тоа:
- за нивото Г1 најмалку три години работно искуство во струката,
- за нивото Г4 со/без работно искуство во струката.
Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазаци на Европската Унија (англиски, фрнацуски, германски),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
(3) Потреби општи работни комепетенции на напредно ниво:
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати;
- работење со други/тимска работа;
- стратешка свест;
- ориентираност кон странките/засегнати страни;
- раководење; и
- финансиско управување.
(4) Потреби општи работни комепетенции на средно ниво:
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати;
- работење со други/тимска работа;
- стратешка свест;
- ориентираност кон клиенти/засегнати страни; и
- финансиско управување.
(5) Потреби општи работни комепетенции на основно ниво:
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати;
- работење со други/тимска работа;
- ориентираност кон странките/засегнати страни; и
- финансиско управување.
Член 8
- Посебни услови утврдени со закон за даватели на услуги од областа на културата од Категорија Г се:
- ниво на образование 240 ЕКТС или завршен VII/1 степен; или завршено средно образование
- работно искуство, и тоа:
i. за нивото Г1 и Г2 најмалку пет години работно искуство во струката,
ii. за нивото Г3 најмалку една година работно искуство во струката,
- Посебни услови утврдени со закон за даватели на услуги од областа на културата од Категорија Д се:
- ниво на образование 240 ЕКТС или завршен VII/1 степен;
- работно искуство, и тоа:
- за нивото Д1 најмалку осум години работно искуство во струката и стекнато звање Библиотекар советник,
- за нивото Д2 најмалку три години работно искуство во струката и стекнато звање Виш библиотекар,
- за нивото Д3 со/ без работно искуство во струката
- Посебни услови утврдени со закон за даватели на услуги од областа на културата од Категорија Ѓ се:
- Вработените од категоријата Ѓ треба да имаат вишо образование или високо образование со стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршено средно образование. ниво на образование најмалку 180 кредитиспоред ЕКТС или завршено средно образование;
- работно искуство, и тоа:
-за нивото Ѓ1 најмалку две години работно искуство во струката,
-за нивото Ѓ2 без работно искуство;
Член 9
(1) Посебни услови утврдени со закон за помошно – техничките лица се:
(1)Вработените во сите категории во подгрупите 1, 2 и 5 треба да имаат:
- за нивото А1 најмалку средно четири годишно образование, односно
тригодишно средно образование,
- за нивоата Б1 и Б2 најмалку средно четиригодишно образование односно тригодишно
средно образование и
- за нивоата Б3 и В1 најмалку основно образование.
.................................
ТАБЕЛАРЕН ПРИКАЗ НА РАБОТНИТЕ МЕСТА
|
АДМИНИСТРАТИВНА СЛУЖБА
|
Реден број и шифра
|
1. КУЛ 01 02 В01 002
|
Звање на работно место
|
Советник за административни, општи и правни работи
|
Назив на работно место
|
Советник за административни, општи и правни работи
|
Број на извршители
|
1
|
Вид на образование
|
- Правни науки;
|
Други посебни услови
|
|
Работни цели
|
Стручниот административен службеник со својата работа има за цел ефикасно, ефективно, квалитетно да ги извршува работните задачи кои придонесуваат за остварување на програмата за работа на институцијата од работното местоСоветник за административни, општи и правни работи.
|
Работни задачи
|
- Самостојно врши најсложени стручно-административни, нормативно-правни, извршни, статистички, административно-надзорни, кадровски и други работи од административна природа, во согласност со општите упатства на непосредно претпоставеното и одговорно лице;
- o ги следи и применува прописите од областа во која што работи;
- Подготвува материјали и документи кои содржат мислења на законски и подзаконски акти и други прописи и акти, стручни анализи на прашања кои се од значење на примената на законодавството од областа на културата, стручни анализи, информации и други материјали за работни тела, предлози за планот на работа на организационата единица и извештај за напредокот во спроведувањето на неговата работа;
- Врши административни работи од надлежност на организационата единица;
– се грижи и е одговорен за доследна примена на Статутот, правилниците и другите општи акти на Центарот;
– ја организира работата од правните и општите работи; управување со човечките ресурси преку материјалното спроведувањето на проблематиката што го опфаќа овој сегмент на установата;
– ги организира и непосредно ги обавува работите од судска и правна природа;
– ги води досиејата на вработените, изготвува решенија во врска со нивните права и должности и по барање на истите дава појаснувања и подготвува разни потврди од работниот однос;
– ја води целата администрација на Центарот, по потреба и архивата,
- учествува во процесот на спроведувањето на јавните набавки за потребите на установата, согласно закон.
|
Одговара пред
|
Раководното лице на установата - Директорот
|
Реден број и шифра
|
2. КУЛ 01 02 В01 004
|
Звање на работно место
|
Советник за материјално-финансиско работење
|
Назив на работно место
|
Советник за материјално-финансиско работење
|
Број на извршители
|
1
|
Вид на образование
|
Економски науки;
|
Други посебни услови
|
|
Работни цели
|
Стручниот административен службеник со својата работа има за цел ефикасно, ефективно, квалитетно да извршува работни задачи кои придонесуваат за остварување на програмата за работа на институцијата од работното место Советник за материјално-финансиско работење
|
Работни задачи
|
- Врши административни работи од надлежност на организационата единица;
- Ги следи и применува прописите од областа во која што работи;
- Учествува во оценувањето на административни службеници во својата институција;
- Спроведува најсложени, материјални, финансиски и други работи од административна природа, во согласност со општите упатства на непосредно претпоставеното и одговорно лице;
- Подготвува материјали и документи кои содржат мислења на законски и подзаконски акти и други прописи и акти, стручни анализи на прашања кои се од значење на примената на законодавството од областа на материјалното и финснсиско работење, стручни анализи, информации и други материјали за работни тела, предлози за планот на работа на организационата единица и извештај за напредокот во спроведувањето на неговата работа;
– ги извршува книговодствените работи согласно законските прописи, ги следи, проучува и применува законските прописи од областа на материјално-финансиското работење;
– изготвува завршна сметка и периодични извештаи, ја води книговодствената евиденција согласно со законските прописи;
– учествува во подготовката и изработката на финансискиот план на Центарот; се грижи за исправноста и законитоста на сите исплати;
- за потребите на установата извршува активности од областа на заштитата и спасувањето, посетува стручни обуки за заштита и спасување и континуирано ги усовршува знаењата од областа на заштитата и спасувањето.
-за потребите на установата извршува активности од областа на управувањето со кризи, посетува стручни обуки за управување со кризи и континуирано ги усовршува знаењата од областа на управувањето со кризи и извршува работни задачи согласно Законот за управување со кризи, определени за јавните установи кои се од посебно значење за работа во кризна состојба.
|
Одговара пред
|
Раководното лице на установата - Директорот
|
Реден број и шифра
|
2-a КУЛ 01 02 В02 010
|
Звање на работно место
|
Виш соработник
|
Назив на работно место
|
Виш соработник за човечки ресурси
|
Број на извршители
|
1
|
Вид на образование
|
Правни науки
|
Други посебни услови
|
|
Работни цели
|
Активно, ефективно, квалитетно извршување на работни задачи и обврски кои придонесуваат за остварување на програмата за работа на институицијата согласно работното место – Виш соработник за човечки ресурси.
|
Работни задачи
|
- Врши стручно-административни, нормативно-правни, извршни, статистички, административно-надзорни, кадровски работи, работи од административна природа од областа на управувањето со човечки ресурси и спроведување на постапки за вработување во согласност со општите упатства на непосредно претпоставеното и одговорно лице;
- ги следи и применува прописите од областа на човечките ресурси;
- Учествува во подготовка на акти, материјали и документи од областа на човечките ресурси кои содржат мислења на законски и подзаконски акти и други прописи и акти, стручни анализи на прашања кои се од значење на примената на законодавството од областа на културата, стручни анализи, информации и други материјали за работни тела, предлози за планот на работа на организационата единица и извештај за напредокот во спроведувањето на неговата работа;
- Дава стручна помош, совети и врши менторство на административните службеници од пониските нивоа;
- се грижи и е одговорен за доследна применана Статутот, правилниците и другите општи акти на Центарот;
- го организира работењето и управувањето со човечките ресурси преку материјалното спроведување на проблематиката што го опфаќа овој сегмент на установата;
- ги води досиејата на вработените, изготвува решенија во врска со нивните права и должности и по барање на истите дава појаснувања и подготвува разни потврди од работниот однос;
- Учествува во спроведување на постапка за оценување на административни службеници и давателите на јавни услуги
- - по потреба учествува во процесот на спроведувањето на јавните набавки за потребите на установата, согласно законот за јавните набавки
|
Одговара пред
|
Директорот
|
Реден број и шифра
|
2-б КУЛ 01 02 В02 001
|
Звање на работно место
|
Виш соработник
|
Назив на работно место
|
Виш соработник – технички секретар
|
Број на извршители
|
1
|
Вид на образование
|
Образование
|
Други посебни услови
|
|
Работни цели
|
Ефикасно, ефективно и квалитетно извршување на работни задачи и обврски кои придонесуваат за остварување на програмата за работа на институицијата согласно работното место – Виш соработник – технички секретар
|
Работни задачи
|
- Врши стручно-административни, нормативно-правни, извршни, статистички, административно-надзорни, работи од административна природа на непосредно претпоставеното и одговорно лице;
- ги следи и применува прописите од областа на културата согласно Законот за култура;
- прибира информации и податоци заради подготовка на материјали и документи кои содржат: стручни анализи на прашања кои се од значење за примената на законодавството од о0бласта која ја покрива, анализи, информации и други материјали за работни тела, предлози за планот за работата на организационата единица и извештај за напредокот од спроведувањето на неговата работа;
- врши коресподентски работи (доставување на документи за работа на вработените од нивниот делокруг на работа,
- подготвува покани и се грижи за прием и испраќање на дневна пошта.
|
Одговара пред
|
Директорот
|
Реден број и шифра
|
3. КУЛ 01 02 В03 001
|
Звање на работно место
|
Соработник за административни, општи и правни работи
|
Назив на работно место
|
Соработник за административни, општи и правни работи
|
Број на извршители
|
1
|
Вид на образование
|
Правни науки
|
Други посебни услови
|
|
Работни цели
|
Стручниот административен службеник со својата работа има за цел ефикасно, ефективно, квалитетно да извршува работни задачи кои придонесуваат за остварување на програмата за работа на институцијата од работното место Соработник за административни, општи и правни работи
|
Работни задачи
|
- Спроведува рутински стручно - административни работи и нормативно – правни работи;
- Спроведува извршни, статистички и други работи од административна природа, во согласност со општите упатства на непосредно претпоставениот раководен службеник и под надзор;
- Спроведува рутински кадровски работи;
- Прибира информации и податоци и помага во подготовката на материјали и документи кои содржат: стручни анализи на прашања кои се од значење за примената на законодавството од областа која ја покрива, стручни анализи, информации и други материјали за работни тела, предлози за планот за работа на организационата единица и извештај за напредокот во спроведувањето на неговата работа;
- Соработува со Советникот – Технички секретар, при зголемен обем на работа, и извршува работни задачи по барање на непосредно раководното лице или одговорното лице на установата, со цел за исполнување на вондредни програмски активности.
|
Одговара пред
|
Раководното лице на установата - Директорот
|
Реден број и шифра
|
4. КУЛ 01 02 В03 009
|
Звање на работно место
|
Соработник за маркетинг и односи со јавност
|
Назив на работно место
|
Соработник за маркетинг и односи со јавност
|
Број на извршители
|
1
|
Вид на образование
|
Економски науки, Правни науки, Политички науки (студии по новинарство)
|
Други посебни услови
|
|
Работни цели
|
Стручниот административен службеник со својата работа има за цел ефикасно, ефективно, квалитетно да извршува работни задачи кои придонесуваат за остварување на програмата за работа на институцијата од работното место Соработник за маркетинг и односи со јавност
|
Работни задачи
|
- Спроведува рутински стручно - административни работи работи;
- Спроведува извршни, статистички и други работи, во согласност со општите упатства на непосредно претпоставениот раководен службеник и под надзор;
- Спроведува рутински кадровски работи;
- Прибира информации и податоци и помага во подготовката на материјали и документи кои содржат: стручни анализи на прашања кои се од значење за примената на законодавството од областа која ја покрива, стручни анализи, информации и други материјали за работни тела, предлози за планот за работа на организационата единица и извештај за напредокот во спроведувањето на неговата работа;
- Соработува со вработените, при зголемен обем на работа, и извршува работни задачи по барање на непосредно раководното лице или одговорното лице на установата, со цел за исполнување на вондредни програмски активности.
-
|
Одговара пред
|
Раководното лице на установата - Директорот
|
Одговара пред
|
Раководното лице на установата - Директорот
|
Реден број и шифра
|
6. КУЛ 0102 В04 004
|
Звање на работно место
|
Помлад соработник за информатички работи
|
Назив на работно место
|
Помлад соработник за информатички работи
|
Број на извршители
|
1
|
Вид на образование
|
Информатика или компјутерска техника
|
Други посебни услови
|
|
Работни цели
|
Стручниот административен службеник има за цел ефикасно, ефективно, квалитетно да ги извршува работните задачи кои придонесуваат за остварување на програмата за работа на институцијата од работното место Помлад соработник за информатички работи
|
Работни задачи
|
- Врши информатички и други административни работи од надлежност на организационата единица;
- Подготвува материјали и документи кои содржат мислења на законски и подзаконски акти и други прописи и акти, стручни анализи на прашања кои се од значење на примената на законодавството од областа на работењето, стручни анализи, информации и други материјали за работни тела, предлози за планот на работа на организационата единица и извештај за напредокот во спроведувањето на неговата работа;
– води грижа и контрола за непречено функционирање на системот, комуникациската и периферната опрема; ги дефинира дефектите на системот, комуникациската и периферната oпрема и контактира со сервиси за нивно отстранување;
– врши инсталација, одржување и документирање на системски помошни програми; ги одржува корисничките полиња (UAF); редовно спроведува мерки за заштита на системот;
– изработува апликативни програми за различни сегменти (модули) од билиотечното работење и
за потребите на БИС;
- одговорен е за сите формални, технички и информатички аспекти на функционирањето и одржливоста на WEB страницата на установата;
- посетува стручни обуки за ПП заштита и континуирано ги усовршува стекнатите знаења од областа на ПП заштитата; учествува во гасењето пожар и во активностите на превентивната и ефективна противпожарна заштита на библиотечниот фонд односно библиотеката.
- Учествува во оценувањето на административни службеници во својата институција;
|
Одговара пред
|
Раководното лице на установата - Директорот
|
Реден број и шифра
|
7. КУЛ 0102В04005
|
Звање на работно место
|
помлад соработник – технички секретар
|
Назив на работно место
|
Помлад соработник за технички секретар
|
Број на извршители
|
1
|
Вид на образование
|
Високо образование
|
Други посебни услови
|
|
Работни цели
|
Помладиот соработник за технички секретар со својата работа има за цел ефикасно, ефективно, квалитетно да извршува работни задачи кои придонесуваат за остварување на програмата за работа на институцијата од работното место – помлад соработник за технички секретар.
|
Работни задачи
|
- спроведува наједноставни рутински стручно административни работи, извршни, статистички работи;
- спроведува административни и други работи во согласност со општите упатства на непосредно претпоставениот раководен службеник и под надзор;
- прибира информации и податоци заради подготовка на материјали и документи кои содржат: стручни анализи на прашања кои се од значење за примената на законодавството од областа која ја покрива, стручни анализи, информации и други материјали за работни тела, предлози за планот за работа на организационата единица и извештај за напредокот во спроведувањето на неговата работа;
- учествува во процесот на спроведувањето на јавните набавки за потребите на установата согласно закон;
- врши коресподентски работи; подготвува покани и се грижи за прием и испраќање на дневна пошта, во корелација со Советникот – технички секретар и во негово отсуство.
|
Одговара пред
|
Раководното лице на установата - Директорот
|
Реден број и шифра
|
8. КУЛ 0102В04008
|
Звање на работно место
|
помлад соработник за човечки ресурси
|
Назив на работно место
|
Помлад соработник за човекови ресурси
|
Број на извршители
|
1
|
Вид на образование
|
Правни науки
|
Други посебни услови
|
|
Работни цели
|
Помладиот соработник за човечки ресурси со својата работа има за цел ефикасно, ефективно, квалитетно да извршува работни задачи кои придонесуваат за остварување на програмата за работа на институцијата од работното место – помлад соработник за човечки ресурси.
|
Работни задачи
|
- спроведува наједноставни рутински стручно административни работи и нормативно – правни работи;
- спроведува работи од административна природа во согласност со општите упатства на непосредно претпоставениот раководен службеник и под надзор;
- спроведува наједноставни рутински кадровски работи;
- &
2 Коментари
| |