C Центар за Култура "Браќа Миладиновци" - Струга
Feb, 01

Организација

П  Р  А  В  И  Л  Н  И  К

за внатрешна организација

 

 

 

(Пречистен текст)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

          Врз основа на чл.17 став (7) од Законот за вработените во јавниот сектор, чл.36 став 1 точка 5 од Законот за културата,  директорот донесе

 

П  Р  А  В  И  Л  Н  И  К

за внатрешна организација

 

I.  ОСНОВНИ  ОДРЕДБИ

 

Член 1

          Со овој Правилник се уредува внатрешната организација на установата,  видот и бројот на организациските единици и делокругот на работа на организациските единици.

 

 

Член 2

          Внатрешната организација на установата се утврдува, врз основа на законските прописи и општите акти во сила во Република Северна Македонија односно врз основа на општите акти  на ниво на установата, за работа на установата.

          Во установата се утврдуваат следните нивоа на хиерархиска поставеност:

1. Директор

2. Служби

3. Работни места 

 

Член 3

Називите на организационите единици произлегуваат од дејноста односно се определуваат врз основа на обемот, тежината и сложеноста на работните должности, во согласност со Законот за култура, Законот за административните службеници, Законот за вработените во јавниот сектор, односно врз основа на друг закон.

 

Член 4

          Работните места во организационите единици, утврдени со овој Правилник се пополнуваат со извршители кои ги исполнуваат општите и посебните законски услови за вршење на соодветните работи и работни задачи, на начин и постапка предвидени со одредбите од Законот за култура, Законот за административните службеници, Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за работните односи, односно друг закон.

 

II. ВИД И БРОЈ НА ОРГАНИЗАЦИОНИ ОБЛИЦИ

 

Член 5

            Внатрешната организација, односно организационата структура на установата ја сочинуваат следните организациони облици:

 

- АДМИНИСТРАТИВНА СЛУЖБА

 

- СТРУЧНА СЛУЖБА

 

  -ПОМОШНО ТЕХНИЧКА СЛУЖБА

 

 

 

 

III. ДЕЛОКРУГ НА РАБОТА НА ОРГАНИЗАЦИОНИ ОБЛИЦИ 

 

 

           I. АДМИНИСТРАТИВНА СЛУЖБА 

 

 

Член  6

Административната служба во рамките на својот делокруг на работа, извршува работи од административна природа и од областа на човековите ресурси, заради остварување на дејноста на установата. 

 

Во Административната служба се опфатени следните работни места:

 

I.1.Советник за административни, општи и правни работи

I.2. Советник за материјално -  финансиско работење

I.3. Виш соработник за човекови ресурси

I.4. Виш соработник за технички секретар

I.5.Соработник за административни, општи и правни работи

I.6. Соработник за маркетинг и односи со јавност

I.7. Помлад соработник за информатички работи

I.8.Помлад соработник за технички секретар

I.9. Помлад соработник за човекови ресурси

I.10. Архивар

I.11. Помлад референт – благајник

 

II. СТРУЧНА СЛУЖБА

 

Член  7

Стручната служба во рамките на својот делокруг на работа ја извршува библиотечната дејност на установата и програмската дејност на установата од повеќето области на културата.

Во Стручната служба се опфатени следните работни места:

 

II.1. Програмски раководител

II.2. Стручен соработник за сценска-музичка дејност

II.3. Соработник за сценска-музичка дејност

II.4. Стручен соработник за драмска дејност

II.5. Соработник за драмска дејност 

II.6. Стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура

II.7. Соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура

II.8. Друг стручен соработник во културата

II.9. Соработник за фолклорна и сценско-уметничка дејност

II.10. Соработник за литературна дејност

II.11. Соработник за филмска дејност

II.12. Библиотекар - советник

II.13.Виш библиотекар

II.14. Библиотекар

II.15.Друг стручен соработник во заштита на културното наследство

II.16.Самостоен библиотекарски помошник

II.17. Библиотекарски помошник

II.18. Документор техничар

 

 

 

             III. ПОМОШНО ТЕХНИЧКА СЛУЖБА

 

Член 8 

          Помошно – техничката служба во рамките на својот делокруг на работа, извршува работи од помошно-технички карактер заради одржување, обезбедување и заради извршување на други работи од помошно – технички карактер,  со кои се обезбедува непречено функционирање на установата.

 

Во Помошно-техничката служба се опфатени следните работни места:

 

III.1. Машински техничар

III.2. Градежен техничар

III.3.Кинооператор

III.4.Билетопродавач

III.5. Портир

III.6. Хигиеничар

III.7. Работник за обезбедување

III.8. Книговезец

 

 

IV. НАЧИН НА РАБОТА И ФОРМИ НА РАКОВОДЕЊЕ СО ДЕЛОКРУГОТ НА РАБОТА

Член 9

            Работите и работните задачи во службите, се извршуваат од страна на вработените.

Целта, начинот и динамиката на работењето, се утврдени во законските норми, од повеќето закони, кои директно се применуваат во предметот на работа, дефиниран во пописот и описот на работните задачи од работните места, со дефинирани начини на работа, согласно законските одредби кои директно се применуваат во работата на вработените, со прецизен опис на работни задачи за остварување на програмата на установата и кои за својата работа одговараат директно пред раководителите на службите односно пред директорот на установата. 

         Севкупното раководење на установата, која е од помал обем и со мал број на вработени, согласно закон, го извршува директорот на установата.

 

V. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 10

Сoставен дел на  овој Правилник е графичкиот приказ на организацијата на установата (Огранограм).

 

Член 11

Овој Правилник влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се применува по  добиената согласност од Министерството за информатичко општество и администрација.

Со влегувањето во сила на овој Правилник престанува да важи  Правилникот за внатрешна организација на НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга бр.02-180/1 oд 26.6.2020, 02-288/18 од 24.9.2020, 02-460/2 од 24.12.2020 година.

 

 

 

 

 

Бр.

__________ година                                                                               Раководно лице на институција

                                                                                                                                        Николина Велкоска Глигороска

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Прилог: Графички приказ на внатрешната организација на установата  (органограм)

 

 

 

 

Директор

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ПРОГРАМСКИ РАКОВОДИТЕЛ

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ПОМОШНО ТЕХНИЧКА СЛУЖБА

 

 

 

 

 

СТРУЧНА СЛУЖБА

 

 

 

АДМИНИСТРАТИВНА

СЛУЖБА

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

0 Коментари

Остави коментар

Коментирај