Оглас за вработување
Република Северна Македонија, Национална установа Центар за култура „Браќа Миладиновци“ - Струга, Republika e Maqedonisë se Veriut – Institucioni Nacional Qendra për kulturë „Vëllezërit Miladinovci“ – Strugë
Врз основа на член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор и член 22 став (1) алинеја 1), став (4) од Законот за работните односи Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ - Струга, Qendra për kulturë „Vëllezërit Miladinovci“ – Strugë распишува
ЈАВЕН ОГЛАС бр.2/2021
за вработување на работници на неопределено работно време
За вработување на работник на неопределено работно време, за извршување на работни задачи за следното работно место:
Реден број, шифра и назив на работно место |
1.Соработник за драмска дејност, КУЛ 0304Г03004 |
Број на извршители |
1 (еден) |
Општи услови |
Да е државјанин на Република Северна Македонија; Да е полнолетен; Активно да го користи македонскиот јазик; Да има општа здравствена состојба; Да нема изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност |
Посебни услови |
Ниво на образование : 240 ЕКТС или завршено VII/1 степен од областа Драмски науки, Наука за книжевноста, или завршено средно образование од областа средно-уметничко образование, средно-гимназиско образование
Работно искуство: до една година работно искуство |
Распоред на работно време, почеток и завршеток на дневното и неделното работно време |
Работни часови во неделата – максимум 40 работни часови, работно време со почеток: понеделник – петок од 8 до 16 часот |
Паричен износ на нето плата |
25083 денари |
Согласно годишниот план за вработување на институцијата за 2021 година, вработувања се предвидени за Албанец |
Рок за доставување на пријава за вработување: 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето во дневните весници.
Пријавата за вработување со задолжителните докази за исполнување на условите за вработување (во хартиена форма) кандидатите треба да ја достават до архивата на установата или по класична пошта на следната адреса:
Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга
ул.15-ти Корпус бб 6330 Струга
(со назнака: „за Јавен оглас бр.2/2021)
Начинот на спроведување на постапката за селекција ќе се спроведе согласно Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за културата и согласно општите прописи за работните односи, кои се во сила во државата, односно административна селекција за проверка на веродостојност на податоци и докази доставени од кандидатите на јавниот оглас; интервју со кандидати кои успешно ја поминале постапката на веродостојност на докази.
Пријавата за вработување на работно место содржи:
- Податоци за кандидатот (име и презиме, матичен број на граѓанинот, датум и место на раѓање, адреса и место на живеење, електронска адреса на кандидатот, контакт телефон, припадност на заедница), како и кратко мотивациско писмо;
- Кратка биографија;
- Изјава за исполнување на општите услови за работното место со наведување ДА/НЕ за секој услов одделно;
- Изјава за исполнување на посебните услови за работното место со наведување ДА/НЕ за секој услов одделно.
Кандидатите за работните места кон пријавата за објавениот оглас треба да приложат во оргинална форма или копија заверена на нотар:
- Доказ за државјанство на Република Северна Македонија
- Доказ за општа здравствена состојба/лекарско уверение
- Доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена казна за вршење професија, дејност или должност/потврда (доколку се бара истото за работното место, утврдено во табелата за работното место)
- Уверение/диплома за завршен степен на образование
- Доказ за работно искуство (доколку се бара истото за работното место, утврдено во табелата за работното место)
- Своерачно потпишана Изјава од кандидатот за познавање на македонскиот јазик
Кандидатите, треба да достават прецизни, валидни и точни податоци, во пријавата за огласот и докази во оргинална форма или копија заверена на нотар кон пријавата за огласот бр.2/2021.
Република Северна Македонија, Национална установа Центар за култура „Браќа Миладиновци“ - Струга,
Republika e Maqedonisë se Veriut – Institucioni Nacional Qendra për kulturë „Vëllezërit Miladinovci“ – Strugë