C Центар за Култура "Браќа Миладиновци" - Струга
Jan, 29

Наративен извештај за 2020 година

НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга

Наративен извештај за работата  на НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, во периодот јануари-декември 2020 година

Наративниот извештај за работа на Националната установа – Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга во периодот од јануари до декември 2020-та година, содржи наративен преглед на реализираните програми и проекти од културата, во поединечните области и дејности на создавање и посредување во културата и уметноста во Струга. Се до доаѓањето на препораките за заштита од корона вирусот, се одржаа следните активности, а во време на кризната состојба прогласена на ниво на цела Република Северна Македонија, активностите се одржа во согласност на донесените протоколи и мерки за заштита од корона вирусот COVID-19:

 

vМузичко-сценска и фолклорна дејност

 

v 06.02.2020 – Соло концерт на Денис Кашчев од Русија

v 31.08.2020 – Годишен концерт на КУД “Илинден“ – Струга, (на концертот настапуваат само вокално-инструменталниот состав на друштвото), проект подржан од Министерството за култура на РСМ

v 25.09.2020 – „Peshku I artё“ – фестивал за деца во организација на Фиторе Истрефи

v 18.10.2020 – „Светлина“ – Годишен концерт на студиото за танц „Бах“, проект финансиран од Министерството за култура од РСМ

 

vПроекции на филмови

Во овај период беа организирани следните проекции:

 

v 27.01.2020 – „Falco“ – Bes Kallaku, комедија, Албанија, Himedia, две проекции 840 гледачи

v 28,29,30.01.2019 – Медена земја, Honeyland, 440 гледачи

v 03,04.02.2020 – Врба/Willow – Милчо Манчевски, 85 гледачи

v 13,14.02.2020 – Глас – игран филм, копродукција на Македонија, Хрватска и Србија,Скопје Филм Студио, 18 гледачи

14-15.08.2020 – „Кино на отворено“ – организирано од INKA, (THE HIP BRAINSTORM -документарен долгометражен филм, режија Јане Алтипармаков; ИЗЛЕЗ - Филм на Мартин Цикарски, Елена Велјаноска и Гоце Цветков; ЧИПСОТ НА САРА -  Филм на Ангела Грујоска, Дамјана Видическа и Сара Алексиеска, овие филмови се резултат на „Филм за општествени промени“, програма развиена од „Американски катчиња“ во Македонија, Амбасадата на САД во Скопје и American Film Showcase, за поддршка на ученици кои сакаат да научат како да создаваат видеа со општествено влијание. ГОСПОДАТА ОД СОВРЕМЕНА - краток документарен филм, режија Ана Алексовска; МАГНОЛИЈА - краток игран филм, режија Ана Опачиќ; ЗЛАТОТО НА КАЏАМАРКА - краток документарен филм, режија Александре Регол (Франција).

v 24-26.08.2020 – Недела на новиот германски филм, домаќини се Фестивал на новиот германски филм (Undine, 24.08.2020; Ballon, 25.08.2020; Mein Blind Date mit dem Leben, 26.08.2020; Die Goldfische, 26.08.2020) 

v 05.06.11.2020 – „Хомо“ – долгометражен игран филм на режисерот Игор Иванов - Изи, во продукција на Скопје Филм студио, 13 гледачи

v 05.12.2020 – „Безгрижни“ – филм на Евгенија Узунова, Кристина Коркутоска и Гоце Цветков

 

vЛиковна дејност

v 21.08.2020 – ДримON - изложба

v 21.09.2020 – “Човек и пејсажни принципи“ – изложба на Катерина Деспот и Васка Сандева

v 30.09.2020 – Флора и фауна ги отсликуваат социјалните светови, изложба

v 31.10.2020 – „Состојби на процвет“ – изложба на Милко Нестороски и Лида Шерафатманд

v 05.11.2020 – Изложба на Владимеир Младенов

v 20.11.2020 – Меѓугалериска соработка

v 28.11.2020 – Годишна изложба на ликовни уметници и ентузијасти од Струга, проект финансиран од Министерството за култура на РСМ

 

vДруги активности

v 22.02.2020 – Стенд Ап со Семир Гициќ и Ивана Наскова

v 24.02.2020 – World Interfaith Harmony Week со Лида Шерафатманд

v 03.08.2020 – Промоција на книга „Балканскиот етнички Феникс“ од д-р Рубин Земон

v 03.10.2020 Послание, во чест на писателот Петко Шипинкаровски (1946-2020) – (Изложба на фотографии/портрети на Петко Шипинкаровски; Осврт за творештвото; Промоција на двете постхумно објавени книги: поемата „Обденица“ и збирката раскази „Вечен живот“; Доделување на благодарници

v 03.10.2020 – Промоција на монографијата „Знам за еден град крај езеро“ – Струшки навивачки хроники од м-р Коста Хиохи

 

v Библиотечна дејност

Јавната библиотека работи при Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ Струга, активностите опфаќаат повеќе области вклучени во библиотечната дејност, како набавка на книжен фонд, одржување на промоции на нови наслови, како и промоции на наслови од современата македонска и светска белетристика, меѓутоа со почеток на корона кризата и вонредната состојба во државава, согласно со донесеното решение таа беше затворена и не работеше. Во периодот од јули, кога почна со работа библиотеката беше набавен книжниот фонд на македонски и албански јазик, проекти одобрени од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

1 Коментари

Остави коментар

Коментирај