C Центар за Култура "Браќа Миладиновци" - Струга
Nov, 26

Оглас

 

Република Северна Македонија, Национална установа Центар за култура „Браќа Миладиновци“ - Струга, Republika e Maqedonisë se Veriut – Institucioni Nacional Qendra për kulturë „Vëllezërit Miladinovci“ – Strugë

 

Врз основа на член 20-г  од Законот за вработените во јавниот сектор и член 22  став (1) алинеја 1), став (4) од Законот за работните односи Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ - Струга,  Qendra për kulturë „Vëllezërit Miladinovci“ – Strugë распишува

ЈАВЕН ОГЛАС  бр.1/2020

за вработување на работници на неопределено работно време

        Се објавува оглас за вработување на работници на неопределено работно време, за извршување на работни задачи за следните работни места:

 

                                Реден број, шифра и назив на работно место

  1. Соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура , КУЛ 0304Г03005

Број на извршители

1 (еден)

Општи услови

Да е државјанин на Република Северна Македонија;

Да е полнолетен;

Активно да го користи македонскиот јазик

Да има општа здравствена состојба;

Да нема изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност

Посебни услови

Ниво на образование 240 ЕКТС или завршен VII/1 степен или завршено средно образование, и тоа од областа на:

 

Ликовна уметност;

Архитектура, урбанизам и планирање 

или

средно уметничко образование

 

Работно искуство: најмалку една година работно искуство во струката

Распоред на работно време, почеток и завршеток на дневното и неделното работно време

Работни часови во неделата – максимум 40 работни часови, работно време со почеток: понеделник – петок од 8 до 16 часот  

Паричен износ на нето плата

24656 денари

Согласно годишниот план за вработување на институцијата за 2020 година, вработувања се предвидени за Македонец

 

                                Реден број, шифра и назив на работно место

  1. Библиотекар, КУЛ 0304Д03001

Број на извршители

1 (еден)

Општи услови

Да е државјанин на Република Северна Македонија;

Да е полнолетен;

Активно да го користи македонскиот јазик

Да има општа здравствена состојба;

Да нема изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност

Посебни услови

Ниво на образование 240 ЕКТС или завршен VII/1 степен,  и тоа од областа на:

 

Политички науки

 

Работно искуство: до една година работно искуство

Други посебни услови

Положен испит за формална обработка на монографски публикации;

Потврда за положен испит за Користење на програмска поддршка COBISS3/Преземање записи и фонд

Распоред на работно време, почеток и завршеток на дневното и неделното работно време

Работни часови во неделата – максимум 40 работни часови, работно време со почеток: понеделник – петок од 8 до 16 часот 

Паричен износ на нето плата

28917 денари

Согласно годишниот план за вработување на институцијата за 2020 година, вработувања се предвидени за Македонец

 

                Рок за доставување на пријава за вработување: 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето во дневните весници.

                Пријавата за вработување со задолжителните докази за исполнување на условите за вработување (во хартиена форма) кандидатите треба да ја достават до архивата на установата или по пошта на следната адреса:

                Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга

ул.15-ти Корпус бб 6330 Струга

(со назнака: „за Јавен оглас бр.1/2020)

Начинот на спроведување на постапката за селекција ќе се спроведе согласно Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за културата и согласно општите прописи за работните односи, кои се во сила во државата, односно административна селекција за проверка на веродостојност на податоци и докази доставени од кандидатите на јавниот оглас; интервју со кандидати кои успешно ја поминале постапката на веродостојност на докази.

                Пријавата за вработување на работно место содржи:

-          Податоци за кандидатот (име и презиме, матичен број на граѓанинот, датум и место на раѓање, адреса и место на живеење, електронска адреса на кандидатот, контакт телефон, припадност на заедница), како и кратко мотивациско писмо; 

-          Кратка биографија;

-          Изјава за исполнување на општите услови за работното место со наведување ДА/НЕ за секој услов одделно;

-          Изјава за исполнување на посебните услови за работното место со наведување ДА/НЕ за секој услов одделно.

 

Кандидатите за работните места кон пријавата за објавениот оглас треба да приложат во оргинална форма или копија заверена на нотар:

  1. Доказ за државјанство на Република Северна Македонија
  2. Доказ за општа здравствена состојба/лекарско уверение
  3. Доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена казна за вршење професија, дејност или должност/потврда
  4. Уверение/диплома за завршен степен на образование
  5. Доказ за работно искуство
  6. Своерачно потпишана Изјава од кандидатот за познавање на македонскиот јазик

Кандидатите, треба да достават прецизни, валидни и точни податоци, во пријавата за огласот и докази во оргинална форма или копија заверена на нотар кон пријавата за огласот бр.1/2020.

 

Република Северна Македонија, Национална установа Центар за култура „Браќа Миладиновци“ - Струга,

 Republika e Maqedonisë se Veriut – Institucioni Nacional Qendra për kulturë „Vëllezërit Miladinovci“ – Strugë

2 Коментари

Остави коментар

Коментирај