6
Sep, 06
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Националната уcтанова – Центар за култура „Браќа Миладиновци” – Cтруга
ЈАВНА БИБЛИОТЕКА
ИЗВЕСТУВАЊЕ
за ослободување од наплатување на надоместок за зачленување во Библиотеката за граѓани кои се наоѓаат во тешка и материјална и социјална положба
- Надоместокот за зачленување и за користење на услугите на Библиотеката при Националната установа – Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, на годишно ниво, за граѓаните од сите категории на возрасти кои се наоѓаат во тешка материјална и социјална положба, нема да биде наплатуван.
- Граѓаните кои се наоѓаат во тешка материјална и социјална положба и кои ќе поднесат барање за ослободување од надоместок за зачленување во Библиотеката, до архивата на Националната установа – Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга треба да достават документи, односно докази со кои ја потврдуваат својата моментална материјална и социјална положба и состојба.
- Состојбата на тешка материјална и социјална положба, граѓаните ќе ја докажуваат со општо важечките докази, со кои се потврдува материјалната и социјалната положба на граѓаниниот:
- Потврда од Центар за социјални работи, со која се потврдува дека граѓанинот е примател на социјална помош;
- Потврда од Агенција за вработување, со која се потврдува дека граѓанинот и повеќето членови на неговото потесно семејство не се во работен однос;
- Други документи односно докази, со кои граѓанинот ќе ја докаже својата тешка материјална и социјална положба.
При Барањето, граѓанинот ќе биде задолжен да достави најмалку 1 од споменатите документи под точка 1,2 и 3.
- За настанувањето на промена односно за завршувањето на состојбата на тешка материјална и социјална положба, Националната установа – Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга задолжително ќе биде информирана, од страна на корисникот.
- За барањето за зачленување, без наплатување на надоместок за зачленување, Националната установа – Центар за култура„Браќа Миладиновци“ – Струга, ќе решава во најкраток можен рок, кој нема да биде подолг од 5 дена.
- Секоја злоупотреба на правото мза зачленување и за користење на услугите на Библиотеката, без наплатување на надоместок, од страна на граѓаните, ќе биде соодветно санкционирана.