Хуманитарен концерт на The Black Forest Youth Wind Band
Во недела (19.08.2018), со почеток во 21:00ч. во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ - Струга, ќе се одржи хуманитарен концерт на реномираниот германски оркестар The Black Forest Youth Wind Band.
Кутии за донации ќе бидат поставени пред големата сала во Центарот, каде што сите хумани луѓе ќе можат да донираат во рамките на своите можности, а парите ќе бидат наменети за подобрување на условите за работа и состојбата на ОУ „Јосип Броз Тито“ - Струга.
Програма:
оркестар The Black Forest Youth Wind Band
Диригент: Џулијан Гибонс
Ричард Штраус – Fanfare der Wiener Philharmoniker (3 мин)
Стивен Мелило – Hajj (10 мин)
Мартин Елерби – Carinet Concerto (солист: Шарлот Стиц) (20 мин)
Пауза (15 мин)
Оскар Наваро - El Olimpo de los dioses / Богови на Олимп (45 мин)
The Black Forest Youth Wind Band од Шварцвалд (Verbandsjugendorchester Hochrhein) е основан во 1986 година и се состои од 65 музичари на возраст од 14-25 години (просек 20). Тоа се членови од околу 120 заеднички групи на Здружението на бендовите на Верхен Рај, кое го опфаќа округот Валдссут-Тиенен во јужна Германија. Диригентот Џулијан Гибонс ја води оваа група од 1996 година. Симфонискиот бенд им нуди можност на младите музичари од регионот да направат музика со многу висок стандард. Репертоарот се движи од симфониска литература до современа музика, филмска музика, како и џез аранжмани. Овај бенд од Горна Рајна редовно учествува и победува на натпревари од вакви бендови, како на регионално, така и на пошироко ниво. Во нивната програмата се годишните концерти на есен и бројните концертни турнеи кои бендот веќе ги има преземено. Бендот изведува концерти и фестивали во Англија (1997), Шведска (1999), Португалија (2001), Белорусија (2003), Велс / Англија (2005), Канада / САД (2007), Норвешка (2009), Ирска / Англија (2012), Малта (2014) и Исланд (2016 година).