C Центар за Култура "Браќа Миладиновци" - Струга
Jul, 23

МУЗИЧКИ КОРЕНИ 2018

Национала установа Центар за култура „Браќа Миладиновци“- Струга со поддршка на Министерство за култура на Република Македонија во рамки на МУЗИЧКИ КОРЕНИ 2018 организира концерт на ансамбл „Стефче Стојковски“ со пријателите. Настанот ќе се одржи на платото пред центар за култура со почеток од 19:30 во Струга.

Стефче Стојковски е роден 1972 година во Скопје.
Неговиот дедо и татко долгогодишни членови на традиционални фолклорни ансамбли, му ја пренеле љубовта кон народните инструменти. На седумгодишна возраст почнува да свири на кавал.На девет година ја има првата аудио снимка.Исто така свири на гајда, зурла и тамбура. 
Во 1990тите години се вработува во МРТВ во националниот оркестар за професионални ангажмани. 
Од тогаш се закитува со називот независен музички артист и инструктор.
Неговата долгогодишна кариера го води низ целиот свет ( Австралија, САД, Канада, Јапонија, Кина, Тајван, Русија, Турција, Шпанија, Италија, Франција, Шведска Белгија сите поранешни балкански држави и уште многу други места. )
Стефче Стојковски со право се нарекува виртуоз на народните дувачки инструменти.
Во 1997 година го остварува својот сон и формира свој Ансамбл на народни инструменти и песни '' Стефче Стојковски '' 
Досега има издадено 7 албуми и еден видео материјал, а работи и на филмска музика. 

ДИСКОГРАФИЈА
1. Македонска музика на гајда
2. Пееме заедно со изворниот оркестар на Стефче Стојковски
3. Низ македонските шуми
4. Од век за навек
5. Од богатството на Македонија
6. Ансамбл Стефче Стојковски и трио Гавровски
7. Ехо од македонските планини

0 Коментари

Остави коментар

Коментирај