0
Apr, 10
Велигденски концерт на Trio Gentlemen
Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ - Струга, во вторник, 18 април со почеток во 20 часот ќе се одржи концерт со „Трио џентлмен“, составено од тројца оперски пејачи...
Ќе настапат Дејан Стоев – тенор, Кристијан Антовски – баритон и Дарко Нешовски – тенор
На репертоарот на „Трио Џентлмен“, кое функционира по урнекот на светските поп-класични состави, се наоѓаат најголемите светски поп хитови изведени во поп-класичен манир.
Публиката ќе може да чуе наполитански канцони, шпански песни, руски романси како и македонско творештво.
„Трио џентлмен“ постојат веќе две години, а за тоа време настапувале низ цела Македонија, но и надвор од земјата.
Влезот е 100 денари.
https://www.youtube.com/channel/UC71JG3bHzP-TfWTmtbWSmww