C Центар за Култура "Браќа Миладиновци" - Струга
Apr, 05

Годишен наративен извештај за работата на НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ - Струга за 2016-та година

НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга




  

              C:\Documents and Settings\TEMP\Desktop\logo.png


 

  Годишен извештај за работата на Центарот

                              за 2016 година





Годишниот извештај за работа на Националната установа – Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга за 2016 година, содржи наративен преглед на реализираните програми и проекти од културата, во поединечните области и дејности на создавање и посредување во културата и уметноста во Струга, во 2016 година.

  • Музичко-сценски дејности


Музичко-сценските дејности во оваа година беа од најразновиден карактер, најчесто застапени се концертите со класична музика, модерен танц,  гостувањата на фолклорните групи и ансамбли, жанровски распределени, на тој начин доближувајќи до поширока публика, од деца на најрана возраст преку млади, што е и една од најважните таргет групи, до повозрасните љубители на музика. Посебен интерес кај публиката имаше за гостувањата на НУ „Танец“ и македонската Филхармонија. На музичката сцена беа присутни изведувачи од повеќе земји иако главен акцент е ставен на домашните изведувачи и артисти и нивно промовирање. Настаните се по хронолошки редослед:

  • 22.04.2016 –Гостување на македонската филхармонија со концертна сфита за деца „Петре и волкот“,

  • 14.06.2016 – Концерт на СОНАТА ПЛУС,

  • 17-19.06.2016 – X-DANCE фестивал, е меѓународен натпревар на кореографија на кој што учествуваат танчери од целиот свет и натпреварот нема возрасно ограничување. “X-DANCE“ е натпревар за сите видови на танци. Најдобрите се претставуваат на Гала вечерта во Големата сала на НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“, Струга

  • 26.06.2016 – Бах-Шоу, годишен концерт на студиото за модерен танц „БАХ“ – Струга, во организација на Тања Мојсоска,

  • 11.07.2016 – Концерт на учесниците на семинарот по соло пеење на музичкото студио “СОНАТА“,

  • 17.07.2016 – Концерт на INKAR – танцувачка група од Белгија,

  • 27.07.2016 – Свечено отварање на ДРИМON фестивал и концерт на Мухамед Ибрахими; Концерт на STUTTGART ONLINE (СРБ)  и Нино Наумов DJ SET

  • 28.07.2016 – КОНЦЕРТ (ДРИМON)
    Elvis Presley Project – Проект реализиран со финансиска подршка од министерството за култура на РМ,
    Obojeni Program (СРБ)
    Blerta Kosova DJ SET

ШУРБЕ DJ SET

  • 29.07.2016 – КОНЦЕРТ (ДРИМON)
    MILLKO
    КАНТОН 6
    МИРКО ПОПОВ DJ SET

Марјан Стојаноски, DJ SET

  • 30.07.2016 – КОНЦЕРТ (ДРИМON)

Канда, Коџа и Небојша (СРБ)
Роботек Dj set

КЛИМЕ МАТОСКИ & НИКОЛА МАТОСКИ ДИ-ЏЕЈ СЕТ

  • 31.07.2016– КОНЦЕРТ (ДРИМON)

String Forces
Defect 13th Dj set

ЈАНЕ АЛТИПАРМАКОВ ДИ-ЏЕЈ СЕТ

  • 03.08.2016 – „Дојди и Веслај 3“ , фестивал во чест на Стефан Голабоски

  • 04.08.2016 – „Љубојна“ – Концерт. Проектот е реализиран со финансиска помош на Министерството за култура на Република Македонија

  • 08-11.08.2016 – Меѓународен Арт Фестивал „Езерски Бисери“ – е натпревар на уметноста, во организација на Марјан Катароски. На овај фестивал доаѓаат пејачи, танчери, инструменталисти и уметници од целиот свет и се натпреваруваат во своите дисциплини. Нив ги оценува стручно жири а најдобрите се претставуваат на Гала вечер.

  • 29.09.2016 – Гостување на Македонска опера и балет со комичната опера „Рита“,

  • 15.10.2016 – Гостување на оркестарот „Пеце Атанасоски“, проект во рамките на „Музички корени“, поддржан со финансиски средства на Министерството за култура на Република Македонија,

  • 28.10.2016 – Мултиетнички фестивал за деца Струга 2016, во организација на НУЦК „Браќа Миладиновци“, Струга, а реализиран со финансиска поддршка од Министерството за култура на РМ.

  • 22.11.2016 – По повод денот на албанската азбука, гостување на филхармонијата од Албанија

  • 25.12.2016 – Новогодишен концерт на музичкото студио СОНАТА


  • Фолклорна дејност

  • 27.05.2016 – Велигденски концерт на НУ Танец

  • 04.06.2016 – Годишен концерт на КУД Илинден Струга,

  • 11.06.2016 - Концерт на вокално - инструменталната секција при КУД  Илинден Струга,

  • 23.07.2016 – „Фолклорен мост“ – Меѓународна фолклорна манифестација, „Фолклорен мост“ во 2016 -та година се одржа по јубилеен десетти пат, проектот е реализиран со финансиска помош на Министерството за култура на Република Македонија. „Фолклорен мост“ е веќе препознатлива и почитувана меѓународна манифестација со која на пошироката публика и се прикажани фолклорните особености од повеќе земји како и од повеќе краеви од Македонија презентирани од детски ансамбли односно фолклорни друштва.


  • 27.07.2016 – Концерт МАК-ФОЛК- фолк фестивал со над 15 земји учеснички, во организација на Круме Брзанов

  • 12.11.2016 Концерт на КУД „Rrezet e Struges“ – кореограф Јета Ала.



  • Драмска дејност


            За време на периодот од јануари до јуни 2016 година, Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, во сопствена и во соработка со други драмски студија и групи, реализира десет драмски претстави со различни жанрови.

  • 12.03.2016 – „Јованче и Марика“ – детска претстава, премиера, во режија на Ристе Миладинов, изведба Драмско студио МИЛАДИН кое работи при Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, Струга,

  • 26.03.2016 – „Кучиња“ – театарска претстава за возрасни од Миодраг Илиќ во режија на Ристе Миладинов, изведба Драмско студио МИЛАДИН

  • 08.04.2016 - „Царот Конте-Тонте“ – детска театарска претстава Сашо театар Крик Скопје,

  • 30.07.2016 – „Госпоѓица Јулија“, Театар Фабрика, во рамките на ДРИМON фестивал,

  • 31.07.2016 „Семе“ – детска претстава, со Театар на сенки – Сенки и облаци, во рамките на ДРИМON фестивал на отворено во Паркот на поезијата

  • 17.09.2016 – „Убавицата и Ѕверот“ – режија и драматизација Ристе Миладинов,

  • 17.09.2016 – „Убавицата и Ѕверот“ – реприза за основните училишта, режија и драматизација Ристе Миладинов,

  • 25.09.2016 – „Слуга на двајца господари“ – Карло Голдони, во режија на Јуџел Ертен, гостување на НУ Турски Театар – Скопје во копродукција со НУ Албански Театар – Скопје,

  • 04.10.2016 – Стенд ап комеди со Бојан Велевски,

  • 05.10.2016 – Драма Пантомима во организација на Црвен Крст Струга,

  • 16.10.2016 – „Покондирена тиква“ – од Јован Стерија Поповиќ во режија на Ристе Миладинов, финансиски поддржан од Министерство за култура на РМ.



  • Проекции на филмови

Во овај период беше премиерата на најновата македонска филмска продукција, филмот „ЏГАН“ – долгометражно режисерско деби на Вардан Тозија, а во соработка со Македонската агенција за филм, KT Филм и медија и Узенгија, беше организирана Недела на детскиот филм и Ревија на ирански филмови. Исто така доста проекции беа прикажани во рамките на фестивалот за процесирање култура ДРИМON.


  • 07-09.04.2016 – Премиера на македонскиот игран филм „Џган“,

  • 04.05.2016 – Детски анимирани филмови (Денови на детскиот филм), „Пим&Пом – Големата авантура“, „Детето Фантом“,

  • 05-07.05.2016 – Ревија на иранска кинематографија, Dragon pond, Alzhaimer, For The Sake of Pooneh, The kingdom of Solomon, Agha Jousuf.

  • 28.07.2016 – „Кружниот пат на Марето“ – Жарко Иванов, ДРИМON

  • 29.07.2016 – „Љубовно писмо до алтернативната култура“ – Синиша Eфтимов, ДРИМON

  • 29.07.2016 – „Гето 103“ – Јане Алтипармаков, ДРИМON

  • 30.07.2016 – „Девојката што паѓа“, Владимир Лукаш, ДРИМON

  • 31.07.2016 - ВЕЧЕРНИ ПROEKЦИИ НА СЛЕДНИТЕ ФИЛМОВИ, (ДРИМON):
    1.”NAKED ACROSS BORDERS”, “TIME GLITCH”, “PAINT ME AS YOU SEE ME” AND “SWEET SELF-DESTRUC TION” , од Сандра Јовановска
    2. ОДБРАНИ ШПАНСКИ ФИЛМОВИ ВО СОРАБОТКА СО СКОПЈЕ ФИЛМ ФЕСТИВАЛ
    3. „ МИМИКРИЈА“ , на Медиа Арт Моф
    4. КРАТКИ ДОКУМЕНТАРНИ ФИЛМОВИ НA СКУП
    5. АКТИВИСТИЧКИ ВИДЕА НА АРСЕНА И АКВА



  • Ликовна дејност


Во соработка со повеќе уметници и институции беа организирани следните изложби:

  • 27.07.2016 – ДРИМON Групна изложба финансиски поддржана од Министерството за култура на РМ:

Учествуваа: Зорица Зафировска, Ана Ивановска, Владимир Лукаш, Нита Чаволи, Маја Кировска, Христина Зафировска, Амир Карахасан, Наташа Неделкова, Сања Симовска, Иван Шапкар, Ертунџ Сали, Бранкица Јордановска, Санда Миева;

  • ИЗЛОЖБА НА ГРАФИЧКИ НОВЕЛИ- Американско Катче Струга,

  • ИЗЛОЖБА: „LET THEM SPEAK ”- Сабина Гузик

  • 28.07.2016 - ИЗЛОЖБА (ДРИМON):
    „Вечното враќање“ Оливер Маринкоски

РЕУПОТРЕБЛИВ ДИЗАЈН- Медиа Арт, МОФ

29.07.2016 -  „Канал 103 архива и видео програма“

29.07.2016 - „Прошетка низ наративните линии“ Ангел Миов

  • 30.09.2016 – Годишна изложба на ликовни уметници од Струга, проект реализиран со финансиска помош од Министерството за култура на РМ,

  • 17- 23.10.2016 – Изложба на творби од креативни пациенти, во организација на ЈЗУ Психијатриска болница – Демир Хисар, во соработка со НУЦК „Браќа Миладиновци“ Струга

  • 27.10.2016 – Изложба – Полската школа на плакат (во организација на Музеј „Д-р Никола Незлобински“ и НУЦК „Браќа Миладиновци“ – Струга)

  • 31.10.2016 – Изложба на училиштето за цртање, сликање и дизајн на Кристина Затуровска


  • Библиотечна дејност

Јавната библиотека работи при Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ Струга, активностите опфаќаат повеќе области вклучени во библиотечната дејност, како набавка на книжен фонд, одржување на промоции на нови наслови, како и промоции на наслови од современата македонска и светска белетристика. Во рамките на активностите се организираат посети на библиотеката од учениците од основните и средните училишта од Струга и околината. Исто така, со помош на средствата од Министерството за култура се збогатува книжниот фонд на библиотеката.


  • Промоции на книги



  • 01.04.2016 – „Точка на враќање“ – автобиографски роман од Билјана Мартиноска,

  • 03.06.2016 – Во рамките на манифестацијата Година на есејот, се одржа промоција на книгата -Монографија: ЈУБИЛЕЈ -10 ГОДИНИ НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ГОДИНА на ЕСЕЈОТ“,

  • 24.06.2016 – Промоција на книги од Климе Матоски, „Кажувања на еден дедо доктор“ и „Како пораснав и остарев во црвениот крст на Македонија“,

  • 31.07.2016Промоција на книга и музички перформанс со Александар Прокопиев, во Паркот на поезијата, ДРИМON festival

  • 30.09.2016 – МИНИ САЕМ НА КНИГАТА, Парк на поезија, проект подржан од Министерството за култура на РМ

  • 06.11.2016 – Промоција на книга „Лековити билки за лекување на органите за дишење“ – фармаколог Петар Мојсоски.




  • Јубилеи, трибини, патронати и други активности


  • 19.05.2016 – Свечено отварање на домијада,

  • 01.06.2016 – Детска градинка „8-ми Март“, завршна приредба,

  • 23.06.2016 – Одбележување на јубилејот 155 години од зборникот на Браќата Миладиновци“,

  • 08.07.2016 – Шеста Меѓународна манифестација „Струшки книжевни средби“ во организација на Културниот центар „Бран“ и Ревијата за книжевност „Бранувања“ – Струга,

  • 13.07.2016 – Концерт летна сцена Васко К,

  • 27-31.07.2016 – ДРИМON – фестивал за процесирање на култура:

  • ДЕБАТА
    „ФЕШТА ВО ФАЦАТА НА ХИПОКРИЗИЈАТА“
    МОДЕРАТОР: Тони Димков
    ПАНЕЛИСТИ: Костадин Шурбановски, Филип Јовановски, Петра Селискар (Сло), Бренд Феро (Сло)

  • ДЕБАТА
    „СВЕ(С)Т ВО ТРАНЗИТ- КУЛТУРНИ МИГРАЦИИ“
    МОДЕРАТОР: Елизабета Шелева
    ПАНЕЛИСТИ: Слободан Унковски, Искра Гешовска, Игор Тошевски

  • ДЕБАТА
    „СИРАЦИ НА ТАТКОВИНАТА- НЕЗАВИСНО ИЗДАВАШТВО“
    МОДЕРАТОР: Волета Качакова
    ПАНЕЛИСТИ: Мирко Попов, Александар Видиновски, Владимир Јанковски

  • ДЕБАТА
    „IN ABSENTIA- ПРИСУСТВО НА КУЛТУРАТА ВО МЕДИУМИТЕ“
    МОДЕРАТОР: Ана Јовковска
    ПАНЕЛИСТИ: Звонко Наумоски, Небојша Вилиќ, Влатко Галевски

  • РАБОТИЛНИЦА ЗА СЛИКАЊЕ ТЕКСТИЛ (ТОРБИ И МАИЦИ)

  • СТЕНСИЛ РАБОТИЛНИЦА Со Марјан Стојаноски

  • “ТАКСИРАТ ВО ПОДДРШКА НА ДРИМОН”- Музички караван

  • РАБОТИЛНИЦА: РАЧНИ ИЗРАБОТКИ И ЧИТАЊЕ
    „МОЈАТА ПРИКАЗ НА ПРЕКУ КОЛАЖИ“- Работилница на Трејси Спаркс (САД)
    СТЕНСИЛ РАБОТИЛНИЦА Со Марјан Стојаноски

  • ПОЕТСКИ ПЕРФОРМАНС Андре Лоијенга (ХОЛ) и Дениса Дуран (РО)

  • ПРИВАТЕН ПРОСТОР“ РАБОТИЛНИЦА ЗА ТАНЦ - со Климент Попоски
    РАБОТИЛНИЦА ЗА ВОЛОНТЕРСТВО- МКЦ, Битола
    РАБОТИЛНИЦА ЗА ГРАФИТИ со Цветан Неделковски

  • АКТО PAROLES, ИНТЕРВЕНЦИИ ВО ЈАВЕН ПРОСТОР

  • ДЕТСКА РАБОТИЛНИЦА со Театар на сенки- Сенки и облаци

  • СПАСЕТЕ ЈА ГАЛИЧИЦА- Еко Свес т & OхридSOS
    ГРАФИТИ РАБОТИЛНИЦА со Цветан Неделковски

  • „ЈАС СУМ ИЗВЕДУВАЧ“- Перформанс на Сабрина Железник

  • ГРАФИТИ РАБОТИЛНИЦА со Цветан Неделковски

    30.07.2016 – Доделување на дипломи од СУ Нико Нестор

  • 01.08.2016 – Хуманитарен концерт во организација на Црвен Крст

  • 24.08.2016 – Струшки вечери на поезијата (Свечено отварање)

  • 20.09.2016 – Годишно собрание на Пензионери

  • 01.10.2016 – Еуроколеџ доделување на дипломи



Подготвил                                                                                              Директор

Јасмина Попоска                                                                        Слободанка Попоска

                                                                                                НУЦК Браќа Миладиновци- Струга

                                                                                                                                     Кон.тел. 046/786-131

                                                                                                                               Email: kulturastruga@gmail.com


 

11 Коментари

Остави коментар

Коментирај