C Центар за Култура "Браќа Миладиновци" - Струга
Apr, 02

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА 2014 ГОДИНА

НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга

 

 

 

 

 

 

 

   Годишен извештај за работа за 2014 година

 

 

 

 

 

 

Годишниот извештај за работа на Националната установа – Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга за 2014 година, содржи наративен преглед на реализираните програми и проекти од културата, во поединечните области и дејности на создавање и посредување во културата и уметноста во Струга, во 2014 година.

 

Фолклорен мост – презентирање на фолклорни особености на својата земја од детски ансамбли

„Фолклорен мост“ во 2014 година се одржа по осми пат, проектот е реализиран со финансиска помош на Министерството за култура на Република Македонија. „Фолклорен мост“ е веќе препознатлива и почитувана меѓународна манифестација со која на пошироката публика и се прикажани фолклорните особености од повеќе земји како и од повеќе краеви од Македонија презентирани од детски ансамбли односно фолклорни друштва.

 

Музички корени

Оваа година по трет пат се одржа манифестацијата „Музички корени“, чија цел е негување на традиционалната музика и афирмирање на млади и талентирани изведувачи и нивна промоција. Овогодинешната манифестација се одбележа со целовечерен концерт на групата „Љубојна“ чија изведба беше проследена од повеќе од 1000 гледачи од најразлични генерации која си замина со силни впечатоци од таа вечер и која публика самата придонесе ова да биде еден од најубавите и најдобро организираните настани за 2014 во Струга. Овој проект беше подржан од Министерството за култура на Република Македонија.

 

Мултиетнички фестивал за деца

Мултиетничкиот фестивал за деца се одржа на 31 октомври 2014 во големата сала при Центарот за култура, со повеќе од 700 гледачи. Овој проект кој е подржан од Министерството за култура, е од големо значење за нашата средина каде децата од различни националности имаат прилика да се дружат, да си разменуваат искуства и културни вредности. Учесниците се претставија со изведби на класична музика и пијано изведби, модерен балет како и соло изведувачи и културно уметнички друштва.

 

Изработка на нова кореографија КУД „Илинден“

Проектот е реализиран благодарение на финансиските средства од Министерството за култура, а како што кажува самиот наслов се состои од изработка на кореографија која е поставена од Јовица Блажески вработен во НУ „Танец“, сплет кој се состои од игри и песни од источна Македонија со наслов „Пијанец“. Овој проект го подобри квалитетот на изведбите на КУД „Илинден“. Изработката се состоеше од презентирање на сплетот на самите играорци, а потоа и изучување на чекори и поставување на кореографијата.

 

Изработка на рекламен и пропаганден материјал на КУД „Илинден“

Овој проект се состои од изработка на рекламни и друг пропаганден материјал со кој КУД „Илинден“ подостојно и порепрезентативно ќе може да се представи. Значењето на изработените материјали е големо ако се има предвид дека на средбите кои се остваруваат при настапите, било дома или во странство, се остваруваат значајни контакти со кои се отвараат нови можности за понатамошна соработка. Проектот беше подржан од Министерството за култура.

 

Реализирани ликовни изложби за 2014 година

НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ во 2014 година ги реализираше следниве ликовни изложби:

v Изложба на уметничка фотографија на Драган Стефаноски

v Изложба на слики на академскиот сликар Атанас Ботев

v Ликовна изложба на студенти од Државниот универзитет во Тетово

v Ликовни изложби во рамките на фестивалот за процесирање култура ДРИМON

v Изложба на слики на академскиот сликар Марјан Стојановски

v Изложба на слики на ликовниот уметник Владимир Младеновски

v Деветта Годишна ликовна изложба на ликовните уметници од Струга

 

Драмска дејност

За време на периодот од јануари до декември 2014 година, Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, во сопствена и во соработка со други драмски студија и групи, ја исполни програмата за драмска работа предвидена за тој период. Во тој правец беа реализирани осум драмски претстави со различни жанрови. Драмското студио „МИЛАДИН“ кое работи при Центарот за култура реализира 5 претстави од кои една „Ајде да запееме“ беше подржана финансиски од Министерството за култура.

Во Центарот за култура гостуваа Буден театар, Драмскиот театар од Скопје и аматерскиот театар од Кичево.

 

„АЈДЕ ДА ЗАПЕЕМЕ“ – Драма во режија на Ристе Миладин (проект финансиран од Министерството за култура на РМ)

Заради потребата од побогат културен живот во нашиот град Струга како и потребата од поголемо учество на младите во развојот и креирањето на драмската дејност, аматерското драмско студио „МИЛАДИН“, го реализираше проектот, со што премиерно беше изведена драмата „Ајде да запееме“ од Благој Николов, во режија на Ристе Миладинов. Репризата на претставата беше одржана за децата од основните училишта од градот и околината.

 

Библиотечна дејност

Јавната библиотека при Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ Струга, целосно ги оствари предвидените активности од годишниот план за 2014 година. Активностите опфаќаат повеќе области вклучени во библиотечната дејност, како набавка на книжен фонд, одржување на промоции на нови наслови, како и промоции на наслови од современата македонска и светска белетристика. Во рамките на активностите се организираат посети на библиотеката од учениците од основните и средните училишта од Струга и околината. Значајно е да се напомене дека во текот на изминатата година посебен интерес, од страна на студентите, постдипломците од постоечките факултети во Струга, се покажа за „Преводите на 1000 стручни, научни книги и учебници“ –  кои беа доставени во рамките на проектот на Владата на Републига Македонија. Исто така, со помош на средствата од Министерството за култура се збогади книжниот фонд на библиотеката.

 

Проект „Набавка на печатач Zebra GK20t

Овој проект, во рамките на библиотечната дејност, беше реализиран целосно и доделените средства од Министерството за култура беа доволни. Овој печатач се користи за потребите на библиотеката за COBISS системот.

 

Проект од библиоечна дејност „Автоматизација на библиотечни процеси“

Заради потребите на библиотеката за обука и усовршување на вработените се реализираше овај проект само во рамките на доделените средства, со што беа посетени курсевите во сегментот COBISS3/Зајмување и курсевите за техничка обработка на библиотечен материјал. Дел од средствата се потрошени за сервис на печатачот ZEBRA TLP 2844.

 

Маркетинг од печатените и електронски медиуми за периодот јануари-декември 2014

За време на периодот од јануари до декември 2014 година, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, се одржаа вкупно 86 настани од драмска, ликовна, издавачка, литературна, музичко-сценска и филмско-документарна дејност. Тимот за маркетинг при Центарот за култура активно работеше и за секоја одржана активност беа навремено известувани печатените и електронски медиуми се со цел за поголем одзив на публиката. Покрај тоа, се изработуваше и промотивен материјал од различен вид. Центарот за култура има активна Facebook страна како и своја web адреса: www.centarzakulturastruga.org

1 Коментари

Остави коментар

Коментирај