Apr, 20

НАЈВЕЛИГДЕНСКО ЈАЈЦЕ 22.04.2012 -недела

По повод христовото воскресение ВЕЛИГДЕН, Центарот за култура
Браќа Миладиновци-Струга , Хор Калистрат Зографски и Драмското студио
Миладин , на ден 22.04.2012 ( недела ) со почеток во 19 часот организираат
избор на највелигденско јајце.
Оваа манифестација се одржува повеќе години ,со цел граѓаните да ги истакнаат нивните вештини,со избирање на најубавото и највелигденското јајце .
Одборот за организирање на манифестацијата највелигденско јајце известува дека оваа
година за првпат ќе организира РАБОТИЛНИЦА ЗА ИЗРАБОТУВАЊЕ,УКРАСУВАЊЕ НА
ВЕЛИГДЕНСКИ ЈАЈЦА ,кои ќе учествуваат на изборот за највелигденско остварување.



Манифестацијата ќе се одвива по следната програма,

1. Од 14: 00 часот до 17:00 –работилница за украсување
-место, Параклис на Воведение на Пресвета Богородица-Пречиста


2. 19 00 Часот во Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци -Струга

-Изложба на велигденските јајца
-Настап на Хорот Калистрат Зографски
- Беседа за празникот на отец Стефан Санџакоски .
-Доделување на награди за највелигденски остварувања
-Реприза на преставата Небесниот Гостин,драмско студио Миладин

3 Коментари

Остави коментар

Коментирај