Jan, 29

Интерен оглас број 01/2019

Врз основа на чл.48 од Законот за административни службеници („Службен Весник на Република Македонија“ бр.27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/16, 142/16 и 11/18), како и чл.2 од Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас („Службен Весник на Република Македонија“ бр. 11/15 и 35/18), Национална установа Центар за култура,,Браќа Миладиновци Струга, објавува

ИНТЕРЕН ОГЛАС број   1/2019

за пополнување на работно место со унапредување 

1. Помлад соработник за човечки ресурси  со шифра КУЛ0102В04008, на ниво В4, звање: Помлад соработник; административна служба, 1 (еден) извршител;

Посебни услови:

Стручни квалификации – за нивото В4 ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен; -правни науки

Работно искуство - со или без работно искуство во струката

Потребни општи работни компетенции на средно ниво:

-           решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;

-           учење и развој;

-           комуникација;

-           остварување резултати;

-           работење со други/тимска работа;

-           стратешка свест;

-           ориентираност кон клиенти/засегнати страни; и

-          финансиско управување.

Потребни посебни работни компетенции:

-           активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски);

-           активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

Работно време: Понеделник до петок, од 08:00 – 16:00, 40 часа неделно.

Нето месечна плата: 19 958 денари.

 

Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас треба да ги исполнува и следните општи услови

-       да е државјанин на Република Македонија; 

-       активно да го користи македонскиот јазик;

-       да е полнолетен;

-       да има општа здравствена способност за работното место и

-       со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

 

На интерниот оглас може да се јави административен службеник, вработен во НУЦК „Браќа Миладиноци“ - Струга, кој ги исполнува горенаведените општи и посебни услови за пополнување на работното место пропишани за соодветното ниво во овој закон и во актот за систематизација, како и:

 

-       да е оценет со оцена „А" или „Б“ при последното оценување;

-       да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас;

-       да поминал најмалку две години на тековното работно место и

-       да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

Кандидатите кон пријавата покрј доказите за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат и следните докази

          - потврди за успешно реализирани обуки

          - потврди за успешно реализирано менторство.

Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 (пет) дена, сметано од денот на објавување на огласот .

Заинтересираните административни службеници поднесуваат пополнета пријава и докази за исполнување на општите и посебните услови за работното место (доколку истите ги немаат претходно доставено во персоналното досие) преку архивата на Национална установа Центар за култура „Браќа Миладиновци” Струга  I електронски на  centarzakuiltura_struga@yahoo.com    со назнака “за интерен оглас“.

Ненавремена, нецелосна и неуредно пополнета пријава, нема да биде предмет на разгледувањe.

Постапката ќе ја спроведе Комисијата за селекција за унапредување формирана од страна на директорот на .

НАПОМЕНА: Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошна постапка.                                                              

                   

                                                                                            Директор

                                                                                       ______________ 

 

Објавен на 29-01-2019 15:30

2 Коментари

Остави коментар

Коментирај