C Центар за Култура "Браќа Миладиновци" - Струга
Jan, 24

Годишен наративен извештај за работата на НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ - Струга за 2018-та година

НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга




  

              C:\Documents and Settings\TEMP\Desktop\logo.png


 

  Годишен извештај за работата на Центарот

                              за 2018 година





Годишниот извештај за работа на Националната установа – Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга за 2018 година, содржи наративен преглед на реализираните програми и проекти од културата, во поединечните области и дејности на создавање и посредување во културата и уметноста во Струга, во 2018 година.

  • Музичко-сценска и фолклорна дејност


Музичко-сценска и фолклорната дејност оваа година беа од најразновиден карактер, најчесто застапени се концертите со класична музика, модерен танц,  гостувањата на фолклорните групи и ансамбли, жанровски распределени, на тој начин доближувајќи до поширока публика, од деца на најрана возраст преку млади, што е и една од најважните таргет групи, до повозрасните љубители на музика. Традиционално, посебен интерес кај публиката предизвикаа годишните концерти на КУД Илинден Струга и студиото за модерен балет БАХ од Струга, кои работат при Центарот за култура „Браќа Миладиновци“. На музичката сцена беа присутни изведувачи од повеќе земји иако главен акцент е ставен на домашните изведувачи и артисти и нивно промовирање. Настаните се по хронолошки редослед:

                       24.04.2018 - Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ - Струга и Државното музичко училиште „Тодор Скаловски - Тетоец“ од Струга, организираа ПРОЛЕТЕН КОНЦЕРТ на учениците од класите по пијано, виолина, кларинет, саксофон, хармоника и камерна музика, кои учестувуваа на Државниот натпревар за музика

                    13.06.2018 – Ревија на народни носии, проект финансиран од Министерството за култура на РМ

                   15.06.2018 – DJ Indigo Kennedy – DJ сет во рамките на Dream On фестивал

                   17.06.2018 – Годишен концерт на музичко студио „Соната“, кое работи во склоп на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“

                  20.06.2018 – КУД „Илинден“ – 35 години постоење, годишен концерт, проект финансиран од министерството за култура на РМ, културно-уметничкото друштво работи во склоп на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга.

                  24.06.2018 – „Vowel“ – музички перформанс на Јетон Хоџа

                  11.07.2018 – Концерт на учесниците на семинарот по соло пеење (Соната)

                  21.07.2018 – „Фолклорен мост“ – меѓународен фестивал, Проект подржан од Министерството за култура на РМ

                  26.07.2018 - Концерти: I tpame I tvrame, Ensh, Sergio Lounge (ДРИМ ОН ФЕСТИВАЛ)

                  26.07.2018  Во рамките на проектот - МУЗИЧКИ КОРЕНИ 2018, се организираше концерт на ансамбл „Стефче Стојковски“ со пријателите, овај проект беше финансиран од Министерството за култура на РМ

                 27.07.2018 - во организација на Мак Фолк, се одржа концерт на народни песни и ора со фолклорни друштва од Македонија, Балканот и од Молдавија, (К. Берзанов)

                27.07.2018 - Linkoln letter музички концерт (ДРИМ ОН)

                27.07.2018 - Концерт: Горан Трајкоски (ДРИМ ОН)

                28.07.2018 - Журка: Shifted, Ilina Angel, Pass-N-G-R, Andreas Hz, Kronom, Bobi, Motus Lumina/ Хангар  (ДРИМ ОН)

                30.07.2018 – Концерт на светски познатата албанската пејачка Аурела Гаче на летната сцена на Центарот за култура

                07.08.2018 – Свирка во чест на Стефан Голабоски

                08.08.2018 – Концерт на играорни групи

                10-12.08.2018 – Меѓународен Арт Фестивал Езерски бисери

                13.08.2018 – Nessun Dorma - Концерт на Влатко Груевски (тенор) и Андреј Наунов

                19.08.2018 – Хуманитарен концерт на германскиот оркестар Black Forest Youth Wind Band, средствата беа донирани за основното училиште „Јосип Броз Тито“

                11.09.2018 – Несекојдневен концерт – Јордан Костов и Роман Столјар (слободен фолк со камерни моменти)

                21.09.2018 – „Временска машина“ – Бах Шоу, во организација на студиото за танц Бах, кое работи во склоп на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ - Струга

               10.10.2018 – Мултиетнички фестивал за деца Струга 2018 – традиционален фестивал во организација на Центарот за култура, десетти по ред,  Проект финансиран од Министерството за култура на РМ

               25.10.2018 – „Златно Славејче“ – гостување на 47-мото издание од фестивалот за деца

              03.11.2018 – Концерт на КУД „Rrezet e Struges“ на Јета Ала

              18.11.2018 – Концерт на „Збор Пракса“ – од Пула, Хрватска (народни песни)

            23.12.2018 – Традоционален новогодишен концерт на членовите од музичкото студио „Соната“.


  • Драмска дејност

            Во текот на 2018 година, Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, во сопствена и во соработка со други драмски студија и групи, реализира тринаесет драмски претстави со различни жанрови.

21.04.2018 – „Волкот и 7-те јариња“, од Браќата Грим, режија и драматизација Ристе Миладинов, Драмско студио Миладин, кое работи во склоп на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ - Струга

25.04.2018 - „Волкот и 7-те јариња“, од Браќата Грим, режија и драматизација Ристе Миладинов, реприза за основните училишта од градот и околината

12.05.2018 – „Наследство“ - трагедија во режија на Ристе Миладинов, Драмско студио Миладин

15.07.2018 – „Малата сирена“ – драма за деца, обработка и режија Димче Бањански, гостување на театарот од Демир Капија, остварено во соработка со Домот на култура „Мирка Гинова“ – Демир Капија

17.07.2018 - „Кёsul bardha“ – монодрама на албански јазик, во организација на Општина Струга

23.07.2018 - "Ѓерѓ Кастриоти Скендербеу"  претставата на албански јазик, каде како автор, режисер и актер се јавува Џеват Лимани, кој ја реализираше оваа претстава во соработка со албанскиот театар во Америка

26.07.2018 – „Бог на масакрот“ - театарска претстава Режија: Нела Витошевиќ, Народен Театар Штип (ДРИМ ОН Фестивал),

27.07.2018 -  „Малиот Принц“ - претстава за деца Театар „Сенки и облаци“ ,(ДРИМ ОН)

25.09.2018 – „Ајде уште по една за роденденот“, според Харолд Пинтер, режија Горан Илиќ, „Теактер студио“ од Куманово

07.10.2018 – „Јас, Селма“ – монодрама, режија Милош Б. Андоновски, проект Нов Културен Бран

23.11.2018 – „Умри машки“ – татарска претстава, комедија на Алдо Николај, во режија на Томе Атанасов, Аматерски театар при Дом на култура „Мирка Гинова“ – Демир Капија

29.11.2018 – „Писмо некому“ -  од Тоон Телехен, интерактивна претстава за деца, 3Г Буден театар Скопје

06.12.2018 – Како Марло ја спаси Старата Година? - Илузионистичка претстава за деца, режија и сценарио, Горан Митревски

30.12.2018 – Театарска претстава за деца „Дедо Мраз и куклата за Матеја“ – Драмско студио Миладин, режија и драматизација Ристе Миладин




  • Проекции на филмови

Во соработка со неколку филмски продукции се одржаа проекции на повеќе филмови како за возрасни така и за деца, од различни светски, европски кинематографии, но и проекции на домашни филмови.


03.05.2018 – Премиера на данскиот детски филм „Неверојатната приказна за џиновската круша“ (македонска синхронизација)

07.05.2018 – „Неверојатна приказна за џиновската круша“ (албанска синхронизација)

11.05.2018 - „Неверојатната приказна за џиновската круша“ (македонска синхронизација)

14.06.2018 – „Планинско чудо“ – игран филм

28.29.06.2018 – „Бикини Мун“ – игран филм во режија на Милчо Манчевски

02.07.2018 – „Височините“ – игран филм

03.07.2018 – „Скршено“ – игран филм

25.07.2018 - Македокси филмски маратон

29.07.2018 – „Исцелител“ - филм на режисерот Ѓорче Ставрески (во рамките на ДРИМ ОН фестивал)

04-05.08.2018 – ДАСТА – Филмски проекции (проекција на пет филма во продукција на Центар за образование, култура и уметност „Данаил Станојески“

20.08.2018 – Unwanted – филм во режија на Едон Ризваноли (проекција на албански и англиски)

13.09.2018 – „Хотел Југославија“ – игран филм во сорабока со Катавеј продукција

14.09.2018 – „Банат“ – игран филм, дел од проектот Денови на македонскиот филм, во рамките на НОВ КУЛТУРЕН БРАН 2018 година организиран од страна на МЗФП – Здружение на филмски продуценти на Македонија

16.09.2018 – „Златната петорка“ – игран филм, дел од проектот Денови на македонскиот филм, во рамките на НОВ КУЛТУРЕН БРАН 2018 година организиран од страна на МЗФП – Здружение на филмски продуценти на Македонија

26.09.2018 – „Принцот на криминалот“ – игран филм, проект Ревија на европскиот филм

27.09.2018 – „Голијат“ – игран филм, проект Ревија на европскиот филм

04.10.2018 – „Кобра“ – документарен филм, Скопје Филм Студио (мак. проекција)

05.10.2018 – „Kobra“ – документарен филм, (алб. проекција)

12-14.10.2018 – Drim Short Film Festival 2018

16.10.2018 - „Making Off “ игран филм - првата македонска еротска комедија

17.12.2018 – „Помош ја смалив наставничката“ – филм за деца

17-19.12.2018 – проект - Млади европејци – Европски филм за млада публика (Младешка самотија, Стрикер, Крај мене)

20-22.12.2018 – проект – Фестивал на тркала – европски филмови (Темна судбина, Планинско чудо, Хитлеров Холивуд, Принцот на криминалот, Голијат)




  • Ликовна дејност


Во соработка со повеќе уметници и институции беа организирани следните изложби:

19-23.03.2018 – „Москва денес“ – изложба на реномирани знаменитости од Москва

25.07.2018 -  Ликовна изложба на Антони Мазневски, (во рамките на ДРИМ ОН фестивал)

26.07.2018 - Изложба на активистички плакати з.г. АКВА Струга, (ДРИМ ОН)

26.07.2018 - Ликовна изложба на Никола Радуловиќ, (ДРИМ ОН)

27.07.2018 - Ликовна изложба на Миле Нически, (ДРИМ ОН)

29.07.2018 – Изложба на Владимир Младеновски – 50 години творештво

08.09.2018 – Изложба на фотографии од Струга некогаш и денес низ објективот на проф. д-р Џоел Мартин Халперн (1954г.) и младинците учесници во овај проект (2018г.). Настанот е дел од проектот „Декада на припадност – славење на различностите“, финансиран од Европската унија

03.11.2018 – Изложба Драудадум

19-20.11.2018 – Изложба „100 години од македонскиот фронт - Секојдневниот живот на линијата на фронтот“ - во организација на АНИМ – Асоцијацијата на наставници по историја на Македонија

25.11.2018 – 13-та годишна изложба на ликовни уметници од Струга, проект финансиран од Министерството за култура на РМ




  • Библиотечна дејност

Јавната библиотека работи при Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ Струга, активностите опфаќаат повеќе области вклучени во библиотечната дејност, како набавка на книжен фонд, одржување на промоции на нови наслови, поетски читања, промоција на млади автори како и промоции на наслови од современата македонска и светска белетристика, а исто така редовно се организираат и посети на библиотеката од учениците од основните и средните училишта од Струга и околината. Со помош на средствата од Министерството за култура редовно и во согласност со потребите на читателите ,се збогатува книжниот фонд на библиотеката.




  • Промоции на книги


25.07.2018 – Промоција на книгата „Ехо на слободата“ на Ана Јовковска, Книжевна промоција со издавачка куќа „Три, (во рамките на ДРИМ ОН фестивал)

27.07.2018 - Едиција „Лифт“ книжевна промоција, (ДРИМ ОН)

27.07.2018 - Собрано творештво на Димитрие Дурацовски, книжевна промоција со издавачка куќа Темплум, (ДРИМ ОН)

28.07.2018 - Рок енциклопедија - книжевна промоција, (ДРИМ ОН)

29.07.2018 -РОМАН НА ГОДИНАТА „Одбројување“ 
на Фросина Пармакоска - книжевна промоција со Фондација „Славко Јаневски“, (ДРИМ ОН)

19.09.2018 – Промоција на романот „Бел демон“ од Славко Илоски

25.12.2018 – Промоција на книгата „Пркосни расписи“ од Вероника Димоска (издавач Центар за култура „Браќа Миласиновци“ - Струга)




  • Јубилеи, трибини, патронати и други активности

Покрај активностите по дејности, во Центарот за култура се одржуваа и други манифестации и собири, и тоа:


                                  23.03.2018 – Денови на франкофонијата

                                  15.04.2018 – Избор за највелигденско јајце

                                  17.04.2018 – Гостување на CIRKUS MAGIC TRON, Струмица

                                  19.05.2018 - Домијада

                               23.05.2018 – Доделување на дипломи од средното училиште „Јахја Кемал“

                              26.05.2018 – Завршна приредба на децата од градинката „8-ми Март“

                               15.06.2018 – DJ Inigo Kennedy (ДРИМ ON Фестивал)

                               04.07.2018 – Уметнички перформанс „Змија“ на Исмет Рамиќевиќ

                              04-11.07.2018 – Семинар по соло пеење кај Марија Муратовска – Наумоска

                             06.07.2018 – Струшки книжевни средби, организатор Петко Шипинкароски

                            13-16.07.2018 – Летна Sport Vision распродажба

                            18.07.2018 – Johny Live – Struga Open Air (забава на летна сцена)

                            24.07.2018 – DJ Face - Struga Open Air (забава на летна сцена)

                            25.07.2018 -  Балон Арт - детска работилница (5-9г.) со Порака Нова, (ДРИМ ОН)

                            25.07.2018 - Учествуваме, застапуваме, менуваме - ЈАДРО Работилница за демократизација и децентрализација на јавните простори и јавните добра преку нов модел на институции и јавно-цивилно партнерство, (ДРИМ ОН)

                          26-28.07.2018 - „Струшки јавачи“ Детска авантура со Бујар Саити (9-14г) (ДРИМ ОН)

                         26.07.2018 - УНЕСКО регион -Мачкање очи/потенцијална стварност  - дебата со Aлександра Бубевска, (ДРИМ ОН)

                   27.07.2018 - Вовед во театар на сенки - детска работилница (6+) со театар Сенки и облаци, (ДРИМ ОН)

                 27-29.07.2018 - Додека кореографијата остануваше заглавена јас надвор танцував - работилница за современ танц со Александар Георгиев и Дарио Бардам, (ДРИМ ОН)

               28.07.2018 - MAKING SENSE- промоција на новата програма на „Лице в лице"- СЕНС, (ДРИМ ОН)

               28.07.2018 - КУЛТУРА СЕГА! Дебата со Aлександра Бубевска, (ДРИМ ОН)

               28.07.2018 - Инсталација - Антонио Пирковски, (ДРИМ ОН)

               28.07.2018 - MOTUS LUMINA видео арт инсталација, (ДРИМ ОН)

               28.07.2018 – Печалбарски средби

               29.07.2018 - АДИ ПО ТРО - арт кујна со Печур и Давид, (ДРИМ ОН)

               03-05.08.2018 – Културен форум „Предание и континуитет“ – Трансхуманизам

              10.08.2018 – Избор на Европска Убавица 2018 (во рамките на фестивалот Езерски бисери)

              22.08.2018 – Официјално отворање на Струшките вечери на поезијата и Поетско читање, плато на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ - Струга

             08.09.2018 – Фестивал на различностите – настан како дел од проектот „Декада на припадност – славење на различностите“ финансиран од Европска унија, во соработка со КУД Драслајчанка

            15.09.2018 – Чествување по повод 50 ГОДИНИ ТЕАТАРСКА ДЕЈНОСТ МА ХРИСТО (РИСТЕ) МИЛАДИНОВ 1968-2018 год.

            22.09.2018 – Државна Изборна Комисија (обука за членови)

           01.03.10.2018 – Марјан Стојаноски – ликовна работилница (Проект Нов Културен Бран)

           03.10.2018 – Меѓународен факултет – Струга, доделување на дипломи

          08.10.2018 – Кабаре 2 Mothers Brothers – комедија, проект Нов културен бран

          24.10.2018 – Циркус од Дебар

          31.10.2018 – „Со срце за Сара“ – Хуманитарен концерт

          12.12.2108 – „Визуелна педагогија“ – предавање, презентација со јавна дискусија, од Владимир Јанчевски и Сафет Ахмети

          

Подготвил                                                                                          Директор

Јасмина Попоска                                                        Николина Велкоска Глигороска

                                                                                               НУЦК Браќа Миладиновци- Струга

                                                                                                                                Кон.тел. 046/786-131

                                                                                                                           Email: kulturastruga@gmail.com


8 Коментари

Остави коментар

Коментирај