Sep, 06

ИЗВЕСТУВАЊЕ

 

 

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ

 

за утврдување на достапност до културни содржини за лица од социјално ранливи семејства, млади лица до 27 годишна возраст и пензионери

 

  1. 1.      За лицата од социјално ранливите семејства, нема да се наплатува влез односно паричен надоместок за сите видови културни настани, активности и културни содржини кои се реализираат при Националната уcтанова – Центар за култура „Браќа Миладиновци” – Cтруга.

 

  1. 2.      Младите лица до 27 годишна возраст имаат право на 50 (педесет) % попуст за влез  односно паричен надоместок за сите видови културни настани, активности и културни содржини кои се реализираат при Националната уcтанова – Центар за култура „Браќа Миладиновци” – Cтруга.

 

  1. 3.      Пензионираните лица имаат право на 50 (педесет) % попуст за влез односно паричен надоместок за сите видови на културни настани, активности и културни содржини кои се реализираат при Националната уcтанова – Центар за култура „Браќа Миладиновци” – Cтруга.

 

  1. 4.      Лицата ќе можат да го користат попустот и да ги следат културните настани доколку со себе носат документи за идентификација:

 

-          Младите лица до 27 години, ќе се идентификуваат со лична карта;

-          Пензионерите, со потврда од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување,

-          Лицата од социјално ранливите семејства, со посебни потврди од месно надлежните центри за социјална работа.

 

  1. 5.      Националната уcтанова – Центар за култура „Браќа Миладиновци” – Cтруга, на барање на лицата од точка 1 и точка 3 од ова известување, ќе им обезбедат копија од бараната потврда, која дополнително лицата ќе треба да ја заверат кај надлежните институции.

 

 

 

 

 

 

Националната уcтанова – Центар за култура „Браќа Миладиновци” – Cтруга

0 Коментари

Остави коментар

Коментирај