Aug, 16

Unwanted - филм во режија на Едон Ризваноли

Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ - Струга (летна сцена), во понеделник на 20.08.2018, со почеток во 21:00ч., своја премиера пред струшката публика ќе има филмот Unwanted, во режија на Едон Ризваноли. Проекцијата ќе биде на албански јазик, а влезот е 100 денари, парите од влезниците ќе бидат донирани за хуманитарни цели.

Станува збор за косовски драма филм од 2017-та година, кој беше избран за влез во категоријата за најдобар странски филм на 90-тото издание на Оскарите, но не беше номиниран. Овај филм има добиено многубројни награди и признанија од фестивалите од целиот свет. 

Времетраење / Runtime: 85’
Држава / Country: Косово, Холандија / Kosovo, Netherlands
Јазик / Language: Албански, холандски / Albanian, Dutch

Режија / Director: Edon Rizvanolli
Сценарио / Writers: Edon Rizvanolli
Продуцент / Produced by: Edon Rizvanolli
Продукција / Production Company: Asfaltfilms
Кинематограф / Cinematography by: Danny Noordanus
Монтажа / Film Editing by: Edon Rizvanolli
Улоги / Cast: Adriana Matoshi, Jason de Ridder, Niki Verkaar, Hugo Koolschijn, Celia Nufaar, Besnik Krapi

Тинејџерот Албан живее во Амстердам со неговата мајка Жана, која побегнала од Косово за време на војната на Балканот. Кога тој започнува врска со чувствителната Ана, ниту еден од нив не е свесен дека на виделина ќе излезат сите нерешени неправди од минатото. Ова проникливо и зрело филмско деби на косовскиот режисер нѐ потсетува колку може да бидат тешки простувањето и помирувањето.

Фестивали и награди / Festivals and awards:
Karlovy Vary International Film Festival; Prifilmfest – Prishtina International Film Festival; Nederlands Film Festival

https://www.facebook.com/unwanted.the.movie/?hc_ref=ARREhv93sOroeh6PMyGwa4AFGwOY0A0-WLzHqTtKsiiTcQLI9lF7fOxny0MZ2GsWBJc&fref=nf

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=gQWHWX11KqE

0 Коментари

Остави коментар

Коментирај