C Центар за Култура "Браќа Миладиновци" - Струга
Apr, 05

Наративен извештај за работата на НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, во периодот јули-декември 2016 година

НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга








Наративен извештај за работата на НУ Центар за
култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, во
периодот јули-декември 2016 година
Наративниот извештај за работа на Националната установа – Центар за
култура „Браќа Миладиновци“ – Струга во периодот од јули до декември
2016 година, содржи наративен преглед на реализираните програми и
проекти од културата, во поединечните области и дејности на создавање и
посредување во културата и уметноста во Струга.
 Музичко-сценски дејности
Музичко-сценските дејности во овај период беа од најразновиден
карактер, најчесто застапени се концертите со класична музика, модерен
танц, гостувањата на фолклорните групи и ансамбли, жанровски
распределени, на тој начин доближувајќи до поширока публика, од деца на
најрана возраст преку млади, што е и една од најважните таргет групи, до
повозрасните љубители на музика. На музичката сцена беа присутни
изведувачи од повеќе земји иако главен акцент е ставен на домашните
изведувачи и артисти и нивно промовирање.
 11.07.2016 – Концерт на учесниците на семинарот по соло пеење
на музичкото студио “СОНАТА“,
 17.07.2016 – Концерт на INKAR – танцувачка група од Белгија,
 27.07.2016 – Свечено отварање на ДРИМON фестивал и концерт
на Мухамед Ибрахими; Концерт на STUTTGART ONLINE (СРБ) и
Нино Наумов DJ SET
 28.07.2016 – КОНЦЕРТ (ДРИМON)
Elvis Presley Project - Проект реализиран со финансиска подршка
од министерството за култура на РМ,
Obojeni Program (СРБ)
Blerta Kosova DJ SET
ШУРБЕ DJ SET
 29.07.2016 – КОНЦЕРТ (ДРИМON)
MILLKO
КАНТОН 6
МИРКО ПОПОВ DJ SET
Марјан Стојаноски, DJ SET
 30.07.2016 – КОНЦЕРТ (ДРИМON)
Канда, Коџа и Небојша (СРБ)
Роботек Dj set
КЛИМЕ МАТОСКИ & НИКОЛА МАТОСКИ ДИ-ЏЕЈ СЕТ
 31.07.2016– КОНЦЕРТ (ДРИМON)
String Forces
Defect 13th Dj set
ЈАНЕ АЛТИПАРМАКОВ ДИ-ЏЕЈ СЕТ
 03.08.2016 – „Дојди и Веслај 3“ , фестивал во чест на Стефан
Голабоски
 04.08.2016 – „Љубојна“ – Концерт. Проектот е реализиран со
финансиска помош на Министерството за култура на Република
Македонија
 08-11.08.2016 – Меѓународен Арт Фестивал „Езерски Бисери““ – е
натпревар на уметноста, во организација на Марјан Катароски. На
овај фестивал доаѓаат пејачи, танчери, инструменталисти и
уметници од целиот свет и се натпреваруваат во своите
дисциплини. Нив ги оценува стручно жири а најдобрите се
претставуваат на Гала вечер.
 29.09.2016 – Гостување на Македонска опера и балет со
комичната опера „Рита“,
 15.10.2016 – Гостување на оркестарот „Пеце Атанасоски“, проект
во рамките на „Музички корени“, поддржан со финансиски
средства на Министерството за култура на Република Македонија,
 28.10.2016 – Мултиетнички фестивал за деца Струга 2016, во
организација на НУЦК „Браќа Миладиновци“, Струга, а
реализиран со финансиска поддршка од Министерството за
култура на РМ.
 22.11.2016 – По повод денот на албанската азбука, гостување на
филхармонијата од Албанија
 25.12.2016 – Новогодишен концерт на музичкото студио СОНАТА
 Фолклорна дејност
 23.07.2016 – „Фолклорен мост“ – Меѓународна фолклорна
манифестација, „Фолклорен мост“ во 2016 -та година се
одржа по јубилеен десетти пат, проектот е реализиран со
финансиска помош на Министерството за култура на
Република Македонија. „Фолклорен мост“ е веќе
препознатлива и почитувана меѓународна манифестација со
која на пошироката публика и се прикажани фолклорните
особености од повеќе земји како и од повеќе краеви од
Македонија презентирани од детски ансамбли односно
фолклорни друштва.
 27.07.2016 – Концерт МАК-ФОЛК- фолк фестивал со над 15
земји учеснички, во организација на Круме Брзанов,
 12.11.2016 – – Концерт на КУД „Rrezet e Struges“ –
кореограф Јета Ала.
 Драмска дејност
За време на периодот од јули до декември 2016 година, Центарот за
култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, во сопствена и во соработка со други
драмски студија и групи, реализира 7 драмски претстави со различни
жанрови.
 30.07.2016 – „Госпоѓица Јулија“, Театар Фабрика, во
рамките на ДРИМON фестивал,
 31.07.2016 – „Семе“ – детска претстава, со Театар на сенки
– Сенки и облаци, во рамките на ДРИМON фестивал на
отворено во Паркот на поезијата
 17.09.2016 – „Убавицата и Ѕверот“ – режија и
драматизација Ристе Миладинов,
 17.09.2016 – „Убавицата и Ѕверот“ – реприза за основните
училишта, режија и драматизација Ристе Миладинов,
 25.09.2016 – „Слуга на двајца господари“ – Карло Голдони,
во режија на Јуџел Ертен, гостување на НУ Турски Театар –
Скопје во копродукција со НУ Албански Театар – Скопје,
 04.10.2016 – Стенд ап комеди со Бојан Велевски,
 05.10.2016 – Драма Пантомима во организација на Црвен
Крст Струга,
 16.10.2016 – „Покондирена тиква„ – од Јован Стерија
Поповиќ во режија на Ристе Миладинов, финансиски
поддржан од Министерство за култура на РМ.
 Проекции на филмови
Во склоп на фестивалот за процесирање култура ДРИМON, се
одржаа следните проекции на филм:
 28.07.2016 – „Кружниот пат на Марето“ – Жарко Иванов, ДРИМON
 29.07.2016 – „Љубовно писмо до алтернативната култура“ –
Синиша Eфтимов, ДРИМON
 29.07.2016 – „Гето 103“ – Јане Алтипармаков, ДРИМON
 30.07.2016 – „Девојката што паѓа“, Владимир Лукаш, ДРИМON
 31.07.2016 - ВЕЧЕРНИ ПROEKЦИИ НА СЛЕДНИТЕ ФИЛМОВИ,
(ДРИМON):
1.”NAKED ACROSS BORDERS”, “TIME GLITCH”, “PAINT ME AS YOU SEE
ME” AND “SWEET SELF-DESTRUC TION” , од Сандра Јовановска
2. ОДБРАНИ ШПАНСКИ ФИЛМОВИ ВО СОРАБОТКА СО СКОПЈЕ
ФИЛМ ФЕСТИВАЛ
3. „ МИМИКРИЈА“ , на Медиа Арт Моф
4. КРАТКИ ДОКУМЕНТАРНИ ФИЛМОВИ НA СКУП
5. АКТИВИСТИЧКИ ВИДЕА НА АРСЕНА И АКВА
 Ликовна дејност
Во соработка со повеќе уметници и институции беа организирани
следните изложби:
 27.07.2016 – ДРИМON Групна изложба финансиски поддржана од
Министерството за култура на РМ:
Учествуваа: Зорица Зафировска, Ана Ивановска, Владимир Лукаш, Нита
Чаволи, Маја Кировска, Христина Зафировска, Амир Карахасан, Наташа
Неделкова, Сања Симовска, Иван Шапкар, Ертунџ Сали, Бранкица
Јордановска, Санда Миева;
 ИЗЛОЖБА НА ГРАФИЧКИ НОВЕЛИ- Американско Катче Струга,
 ИЗЛОЖБА: „LET THEM SPEAK ”- Сабина Гузик
 28.07.2016 - ИЗЛОЖБА (ДРИМON):
„Вечното враќање“ Оливер Маринкоски
РЕУПОТРЕБЛИВ ДИЗАЈН- Медиа Арт, МОФ
29.07.2016 - „Канал 103 архива и видео програма“
29.07.2016 - „Прошетка низ наративните линии“ Ангел Миов
 30.09.2016 – Годишна изложба на ликовни уметници од Струга
 17- 23.10.2016 – Изложба на творби од креативни пациенти, во
организација на ЈЗУ Психијатриска болница – Демир Хисар, во
соработка со НУЦК „Браќа Миладиновци“ Струга
 27.10.2016 – Изложба – Полската школа на плакат (во организација на
Музеј „Д-р Никола Незлобински“ и НУЦК „Браќа Миладиновци“ –
Струга)
 31.10.2016 – Изложба на училиштето за цртање, сликање и дизајн на
Кристина Затуровска
 Библиотечна дејност
Јавната библиотека работи при Центарот за култура „Браќа Миладиновци“
Струга, активностите опфаќаат повеќе области вклучени во библиотечната
дејност, како набавка на книжен фонд, одржување на промоции на нови
наслови, како и промоции на наслови од современата македонска и
светска белетристика. Во рамките на активностите се организираат посети
на библиотеката од учениците од основните и средните училишта од
Струга и околината. Исто така, со помош на средствата од Министерството
за култура се збогади книжниот фонд на библиотеката.
 Промоции на книги
 31.07.2016 – Промоција на книга и музички перформанс со
Александар Прокопиев, во Паркот на поезијата, ДРИМON festival
 30.09.2016 – МИНИ САЕМ НА КНИГАТА, Парк на поезија, проект
подржан од Министерството за култура на РМ
 06.11.2016 – Промоција на книга „Лековити билки за лекување на
органите за дишење“ – фармаколог Петар Мојсоски.
 Јубилеи, трибини, патронати и други активности
 08.07.2016 – Шеста Меѓународна манифестација „Струшки
книжевни средби“ во организација на Културниот центар „Бран“ и
Ревијата за книжевност „Бранувања“ – Струга,
 13.07.2016 – Концерт летна сцена Васко К,
 27-31.07.2016 – ДРИМON – фестивал за процесирање на култура:
 ДЕБАТА
„ФЕШТА ВО ФАЦАТА НА ХИПОКРИЗИЈАТА“
МОДЕРАТОР: Тони Димков
ПАНЕЛИСТИ: Костадин Шурбановски, Филип Јовановски, Петра Селискар (Сло),
Бренд Феро (Сло)
 ДЕБАТА
„СВЕ(С)Т ВО ТРАНЗИТ- КУЛТУРНИ МИГРАЦИИ“
МОДЕРАТОР: Елизабета Шелева
ПАНЕЛИСТИ: Слободан Унковски, Искра Гешовска, Игор Тошевски
 ДЕБАТА
„СИРАЦИ НА ТАТКОВИНАТА- НЕЗАВИСНО ИЗДАВАШТВО“
МОДЕРАТОР: Волета Качакова
ПАНЕЛИСТИ: Мирко Попов, Александар Видиновски, Владимир Јанковски
 ДЕБАТА
„IN ABSENTIA- ПРИСУСТВО НА КУЛТУРАТА ВО МЕДИУМИТЕ“
МОДЕРАТОР: Ана Јовковска
ПАНЕЛИСТИ: Звонко Наумоски, Небојша Вилиќ, Влатко Галевски
 РАБОТИЛНИЦА ЗА СЛИКАЊЕ ТЕКСТИЛ (ТОРБИ И МАИЦИ)
 СТЕНСИЛ РАБОТИЛНИЦА Со Марјан Стојаноски
 “ТАКСИРАТ ВО ПОДДРШКА НА ДРИМОН”- Музички караван
 РАБОТИЛНИЦА: РАЧНИ ИЗРАБОТКИ И ЧИТАЊЕ
„МОЈАТА ПРИКАЗ НА ПРЕКУ КОЛАЖИ“- Работилница на Трејси Спаркс (САД)
СТЕНСИЛ РАБОТИЛНИЦА Со Марјан Стојаноски
 ПОЕТСКИ ПЕРФОРМАНС Андре Лоијенга (ХОЛ) и Дениса Дуран (РО)
 ПРИВАТЕН ПРОСТОР“ РАБОТИЛНИЦА ЗА ТАНЦ - со Климент Попоски
РАБОТИЛНИЦА ЗА ВОЛОНТЕРСТВО- МКЦ, Битола
РАБОТИЛНИЦА ЗА ГРАФИТИ со Цветан Неделковски
 АКТО PAROLES, ИНТЕРВЕНЦИИ ВО ЈАВЕН ПРОСТОР
 ДЕТСКА РАБОТИЛНИЦА со Театар на сенки- Сенки и облаци
 СПАСЕТЕ ЈА ГАЛИЧИЦА- Еко Свес т & OхридSOS
ГРАФИТИ РАБОТИЛНИЦА со Цветан Неделковски
 „ЈАС СУМ ИЗВЕДУВАЧ“- Перформанс на Сабрина Железник
 ГРАФИТИ РАБОТИЛНИЦА со Цветан Неделковски
30.07.2016 – Доделување на дипломи од СУ Нико Нестор
 01.08.2016 – Хуманитарен концерт во организација на Црвен Крст
 24.08.2016 – Струшки вечери на поезијата (Свечено отварање)
 20.09.2016 – Годишно собрание на Пензионери
 01.10.2016 – Еуроколеџ доделување на дипломи
Подготвил Директор
Јасмина Попоска Слободанка Попоска
НУЦК Браќа Миладиновци- Струга
Кон.тел. 046/786-131
Email: kulturastruga@gmail.com

3 Коментари

Остави коментар

Коментирај