C Центар за Култура "Браќа Миладиновци" - Струга
Aug, 09

Наративен извештај за работата на НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, во периодот јануари-јуни 2016 година

Наративен извештај за работата  на НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, во периодот јануари-јуни 2016 година

 

 

 

Наративниот извештај за работа на Националната установа – Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга во периодот од јануари до јуни 2016 година, содржи наративен преглед на реализираните програми и проекти од културата, во поединечните области и дејности на создавање и посредување во културата и уметноста во Струга.

 

v Музичко-сценски дејности

Музичко-сценските дејности во овај период беа од најразновиден карактер, најчесто застапени се концертите со класична музика, гостувањата на фолклорните групи и ансамбли, жанровски распределени, на тој начин доближувајќи до поширока публика, од деца на најрана возраст преку млади, што е и една од најважните таргет групи, до повозрасните љубители на музика. Посебен интерес кај публиката имаше за гостувањата на НУ „Танец“ и македонската Филхармонија. На музичката сцена беа присутни изведувачи од повеќе земји иако главен акцент е ставен на домашните изведувачи и артисти и нивно промовирање.

v 22.04.2016 –Гостување на македонската филхармонија со концертна сфита за деца „Петре и волкот“,

v 14.06.2016 – Концерт на СОНАТА ПЛУС,

v 17-19.06.2016 – X-DANCE фестивал,

v 26.06.2016 – Бах-Шоу.

  • Фолклорна дејност

v 27.05.2016 – Велигденски концерт на НУ Танец –

v 04.06.2016 – Годишен концерт на КУД Илинден Струга,

v 11.06.2016 - Концерт на вокално - инструменталната секција при КУД  Илинден Струга.

 

v Драмска дејност

             За време на периодот од јануари до јуни 2016 година, Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, во сопствена и во соработка со други драмски студија и групи, реализира 3 драмски претстави со различни жанрови.

v 12.03.2016 – „Јованче и Марика“ – детска претстава, премиера, во Режија на Ристе Миладинов, изведба Драмско студио МИЛАДИН кое работи при Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, Струга,

v 26.03.2016 – „Кучиња“ – театарска претстава за возрасни од Миодраг Илиќ во режија на Ристе Миладинов, изведба Драмско студио МИЛАДИН

v 08.04.2016 - „Царот Конте-Тонте“ – детска театарска претстава Сашо театар Крик Скопје.

 

 

 

 

v Проекции на филмови

Во овај период беше премиерата на најновата македонска филмска продукција, филмот „ЏГАН“ – долгометражно режисерско деби на Вардан Тозија, а во соработка со Македонската агенција за филм, KT Филм и медија и Узенгија, беше организирана Недела на детскиот филм и Ревија на ирански филмови.

 

v 07-09.04.2016 – Премиера на македонскиот игран филм „Џган“,

v 04.05.2016 – Детски анимирани филмови (Денови на детскиот филм), „Пим&Пом – Големата авантура“, „Детето Фантом“,

v 05-07.05.2016 – Ревија на иранска кинематографија, Dragon pond, Alzhaimer, For The Sake of Pooneh, The kingdom of Solomon, Agha Jousuf.

 

 

 

 

v Јубилеи, трибини, патронати и други активности

 

v 19.05.2016 – Свечено отварање на домијада,

v 01.06.2016 – Детска градинка „8-ми Март“, завршна приредба,

v 23.06.2016 – Одбележување на јубилејот 155 години од зборникот на Браќата Миладиновци“,

v 08.07.2016 – Шеста Меѓународна манифестација „Струшки книжевни средби“ во организација на Културниот центар „Бран“ и Ревијата за книжевност „Бранувања“ – Струга,

 

 

v Библиотечна дејност

Јавната библиотека работи при Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ Струга, активностите опфаќаат повеќе области вклучени во библиотечната дејност, како набавка на книжен фонд, одржување на промоции на нови наслови, како и промоции на наслови од современата македонска и светска белетристика. Во рамките на активностите се организираат посети на библиотеката од учениците од основните и средните училишта од Струга и околината. Исто така, со помош на средствата од Министерството за култура се збогади книжниот фонд на библиотеката.

 

v Промоции на книги

 

 

v 01.04.2016 – „Точка на враќање“ – автобиографски роман од Билјана Мартиноска,

v 03.06.2016 – Во рамките на манифестацијата Година на есејот, се одржа промоција на книгата -Монографија: ЈУБИЛЕЈ -10 ГОДИНИ НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ГОДИНА на ЕСЕЈОТ“,

v 24.06.2016 – Промоција на книги од Климе Матоски, „Кажувања на еден дедо доктор“ и „Како пораснав и остарев во црвениот крст на Македонија“.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

                                                                                                           НУ Центар за култура

                                                                                                                                                    „Браќа Миладиновци“ – Струга

                                                                                                                                                     Кон.тел 046/786-131

 

 

                                                                                                                                                                           Директор 

                                                                                                                                                                  Слободанка Попоска

 

6 Коментари

Остави коментар

Коментирај