C Центар за Култура "Браќа Миладиновци" - Струга
Feb, 22

Наративен извештај за работата на НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, во периодот јули-декември 2015 година

Наративен извештај за работата  на НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, во периодот јули-декември 2015 година

 

Наративниот извештај за работа на Националната установа – Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга во периодот од јули до декември 2015 година, содржи наративен преглед на реализираните програми и проекти од културата, во поединечните области и дејности на создавање и посредување во културата и уметноста во Струга.

 

v     Музичко-сценски дејности

Музичко-сценските дејности во овај период беа од најразновиден карактер, најчесто застапени се концертите со најразновидна музичка програма од  класична музика, хард-рок, поп и фолк жанровски распределени, на тој начин доближувајќи до поширока публика, од деца на најрана возраст преку млади, што е и една од најважните таргет групи, до повозрасните љубители на музика. На музичката сцена беа присутни изведувачи од повеќе земји иако главен акцент е ставен на домашните изведувачи и артисти и нивно промовирање.

v Фолк мост - презентирање на фолклорни особености на својата земја од детски ансамбли.(проект финансиран од Министерството за култура на РМ)  02.07.2015

v Семинар по соло пеење - музичко студио „Соната“ и Проф. Марија Муратовска-Наумовска 04-10.07.2015

v Концерт на учесниците на семинарот по соло пеење во пијано придружба на Благовесна Булоска - музичко студио „Соната“ и Проф. Марија Муратовска-Наумовска 11.07.2015

v Концерт (фолклорни групи) на платото при Центарот за култура 10.07.2015

v Концертен настап на хармоника 20.07.2015

v Разни концертни настапи и музички перформанси во склоп на фестивалот за процесирање култура ДРИМON 22-26.07.2015

v Концерт – играорна група 25.07.2015

v Концерт на виолина 30.07.2015

v Концертен настап „ Дојди и Веслај – урбан фест“ (Во чест на Стефан Голабоски) 09.08.2015

v Меѓународен арт фестивал „Езерски Бисери“  гала концерт 11.08.2015

v Настап на фолклорни групи 14.08.2015

v Струшки џез хепенинг 14-16.08.2015

v Концерт на КУД Илинден 21.08.2015

v Летна сцена пена парти (разни изведувачи и DJ-и) 23.08.2015

v Струшка музичка есен 05.09.2015

v Концерт играорна 11.09.2015

v Мултиетнички фестивал за деца (проект финансиски подржан од Министерството за култура на РМ) 08.10.2015

v Забавна програма-Циркус , вариете циркус Колорадо  29.10.2015

v Регионална фолклорна вечер 19.11.2015

v Концерт  во организација на општина Струга 26.11.2015

v Концерт фолклор во организација на Јета Ала 19.12.2015

v Новогодишен концерт - музичко студио „Соната“ 27.12.2015

 

 

v     Драмска дејност

             За време на периодот од јули до декември 2015 година, Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, во сопствена и во соработка со други драмски студија и групи, ја исполни програмата за драмска работа предвидена за тој период. Во тој правец беа реализирани 5 драмски претстави со различни жанрови. Драмското студио „МИЛАДИН“ кое работи при Центарот за култура реализира 2 претстави од кои една „Чешел“ беше подржана финансиски од Министерството за култура.

v Во рамките на фестивалот за процесирање култура ДРИМON - Претставата „Delirium Tremens” на Благоја Ристески Платнар,
режија и актерска игра Игор Трпче 24.07.2015

v „Чешел“ – комедија од Фадиљ Хаџиќ, режија Ристе Миладинов, финансиски подржан проект од Министерството за култура на РМ, 26.09.2015 

v „Чешел“ - комедија од Фадиљ Хаџиќ, режија Ристе Миладинов, финансиски подржан проект од Министерството за култура на РМ. Реприза за децата од средните училишта, 02.10.2015

v „Црвенкапа“ – детска претстава, премиера, во Режија на Ристе Миладинов, 04.11.2015

v Драма – Центар за одржлив развој на заедниците од Дебар, гостување 06.11.2015

v МОФ претстава за младинци 20.12.2015

 

 

v     Промоции на книги

 

 

v Книжевни средби во организација на Петко Шипинкаровски и списанието за наука, култура и литература „Бранувања“ 03.07.2015

v Промоција на книгата „Пулсот и времето“ на Ана Јовковска низ разговор со Владимир Мартиновски и Билјана Тануровска Ќулавковски, во рамките на фестивалот за процесирање култура ДРИМON 24.07.2015

v Промоција на книга на албански јазик 04.08.2015

v Промоција на книгата  од Жаклина Михајлова 29.08.2015

v Промоција на романот „Место за живот“ и збирката песни „Спроти ветерот“ од Ѕвезда Јовческа, промотор Мишо Китаноски 12.09.2015

 

v     Ликовни изложби

 

v Изложби и работилници во рамките на фестивалот за процесирање култура ДРИМ ON-финансиски подржан од Министерството за култура на РМ 22-26.07.2015

 

v Изложба на ликовни уметници, со финансиска подршка од Министерството за култура, 05.09.2015

 

v Изложба „Да создадеме заедничка иднина“ во организација на ИПА- фондови, 15.10.2015

 

 

v     Проекции на филмови

 

v Проекции на филм на летна сцена 04-05.07.2015

 

v Проекција на документарниот филм „Децата на мојот татко“во режија на Бесфорт Имами, а во продукција на Award Film & Video, реализиран со поддршка на Агенцијата за Филм на РМ 31.07.2015

 

v Летен филмски фестивал „Синеманија“, во организација на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ од Струга, а во соработка со Кинотеката на Македонија и „Синема кафе“  17-21.08.2015

 

v Проекција на филмот “Денот да е радосен”  во режија на Љубица Поповска - Културно Уметнички Работници, 22.08.2015

 

v Во рамки на проектот МОБИЛНО КИНО формирана е мрежа од кино сали низ Македонија во соработка со Центрите за култура од Штип, Прилеп, Охрид, Струга, Дебар, Кичево.. Мобилна екипа во редовни временски интервали ќе ги прикажува најновите 3D и 2D филмски остварувања, како и филмски ревии, фестивали итн.

За оваа пригода МЦФ МКД обезбеди професионални подвижник Christie дигитални проектори со сервери и FOCUX модулатори со 3D очила. Проекции на филмови 02-03.09.2015, 04.10.2015

v Проекција на филмот „Последниот Македонец“ во режија на Илија Пиперкоски, 06-10.11.2015

v Во соработка со кино ВАРДАР се одржани проекции на македонски филмови 09-13.11.2015

v Проекција на долгометражниот македонски филм „Збор“во режија на Слободан Деспотовски 14-15.11.2015

v Филм „Три дена во септември“, дебитантскиот игран филм на Даријан Пејовски во продукција на Скопје Филм Студио, проекции 20-22.11.2015

v Проекција на играниот филм „Татко“ - копродукција помеѓу Германија, Косово и Македонија. Филмот е режисерско деби на Висар Морина, кој е и автор на сценариото. 23-24.11.2015

v Проекција на филм во организација на Општина Струга 29.11.2015, 12.12.2015

v Проекција на филм на албански јазик – The Ring, 26.12.2015

 

 

 

v     Трибини, патронати и други активности

 

v Трибина во организација на Унија на жени ВМРО, од Струга 28.07.2015

 

v Манифестација „Ноќ спроти Илинден“ 01.08.2015

 

v Струшки вечери на поезијата – 23-26.08.2015

 

v Промоција на проект Јоне Кленко 18.09.2015

 

v Одбележување на патронат од „Нико Нестор“

 

v Меѓународен универзитет – Струга, свечено доделување на дипломи 03.10.2015

 

v Активности на Агенцијата за вработување 14.10.2015

 

v Трибина на тема „Семејно насилство“30-31.10.2015

 

v Трибина на тема „Дијабетис“ 30.11.2015

 

 

 

 

 

v     Библиотечна дејност

Јавната библиотека работи при Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ Струга, активностите опфаќаат повеќе области вклучени во библиотечната дејност, како набавка на книжен фонд, одржување на промоции на нови наслови, како и промоции на наслови од современата македонска и светска белетристика. Во рамките на активностите се организираат посети на библиотеката од учениците од основните и средните училишта од Струга и околината. Значајно е да се напомене дека во текот на изминатата година посебен интерес, од страна на студентите, постдипломците од постоечките факултети во Струга, се покажа за „Преводите на 1000 стручни, научни книги и учебници“ –  кои беа доставени во рамките на проектот на Владата на Републига Македонија. Исто така, со помош на средствата од Министерството за култура се збогади книжниот фонд на библиотеката.

56 Коментари

Остави коментар

Коментирај