C Центар за Култура "Браќа Миладиновци" - Струга
Jun, 27

Скршено - игран филм

Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ - Струга, во вторник на 03.07.2018, на кинорепертоарот ќе се прикажува филмот „ Скршено“. Влезот е 100 денари

Broken/ Скршено
Овој нискобуџетен филм со почетен капитал од 500.000 евра, е проект на копродуценти од Албанија, Франција, Италија, Грција и Македонија, што се реализира преку новоформираната филмска компанија ``Балкан Синема Ситис``.

Кратка содржина
Јани Буди, откако излегува од затвор во Анкона, се качува на брод да се врати во својата татковина - Албанија. Потоа се качува на воз до Тирана и додека патува не го препознава пејзажот. Шета по улица која е исто така многу променета и доаѓа до својата стара куќа која ја нема видено осумнаесет години. Од своите стари комшии ја дознава шокантната вистина: жена му умрела откако бил уапсен, а син му Анди станал богат и корумпиран политичар.

Година - 2016
Режија - Едмонд Будина
Времетраење - 97 минути
Земја - Турција
Жанр - Драма

Дистрибутер: Узенгија

Trailer - https://www.youtube.com/watc h?v=OHSE4_s8xLU
Cineuropa - http://www.cineuropa.org/en/ film/351536/

10 Коментари

Остави коментар

Коментирај