C Центар за Култура "Браќа Миладиновци" - Струга
Jun, 27

Височините - игран филм

Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во понеделник 02.07.2018, со пчеток во 19 часот на кинорепертоарот ќе биде премиерата на комедијата „Височините“. Влезот е 100 денар
Приказната во филмот започнува во 1872 година. Младиот револуционер Гичо е со бандата на Димитар Обштиот. Гичо го носи со него Асенчо, млад пастир од селото Жеревна, кој е страсно инспириран од активностите на претстојната револуција. Во инает на забраната издадена од Централниот револуционерен комитет, Димитар Обштиот со својата банда врши кражба на турски приходи од данок. По операцијата на кражбата на златниците, Димитар Обштиот му доверува на Гичо една посебна мисија, да испорача на рака писмо до главниот револуционер, познатиот Левски. Гичо ја прифаќа задачата со гордост и заедно со Асенчо тргнуваат на пат кон Височините да го најдат Левски, кој секогаш се чини дека е ден пред нив.


По огромниот успех во Бугарија и повеќе од 150.000 гледачи во киносалите, „Височините“ доаѓа во кината и кај нас. По светската премиера на филмот на филмскиот фестивал од А-категорија во Москва и наградата на Софискиот филмски фестивал, „Височините“ продолжува да чекори и со успешен фестивалски живот. Во моментот филмот е на редовниот кинорепертоар во киното „Милениум“ во Скопје.

Година - 2017
Режија - Виктор Божинов
Времетраење - 120 минути
Земја - Бугарија
Жанр - Комедија/Драма/Историски

Дистрибутер: Узенгија

Trailer - https://www.imdb.com/title/t t5310412/videoplayer/vi1987754 009?ref_=tt_ov_vi

IMDB - https://www.imdb.com/title/t t5310412/

0 Коментари

Остави коментар

Коментирај