C Центар за Култура "Браќа Миладиновци" - Струга
Dec, 26

Годишен извештај за работата на Центарот за 2017 година

НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга

 

 

 

 

 

 

 

   Годишен извештај за работата на Центарот

                               за 2017 година

 

 

 

 

Годишниот извештај за работа на Националната установа – Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга за 2017 година, содржи наративен преглед на реализираните програми и проекти од културата, во поединечните области и дејности на создавање и посредување во културата и уметноста во Струга, во 2017 година.

v Музичко-сценска и фолклорна дејност

 

Музичко-сценска и фолклорната дејност оваа година беа од најразновиден карактер, најчесто застапени се концертите со класична музика, модерен танц,  гостувањата на фолклорните групи и ансамбли, жанровски распределени, на тој начин доближувајќи до поширока публика, од деца на најрана возраст преку млади, што е и една од најважните таргет групи, до повозрасните љубители на музика. Посебен интерес кај публиката имаше за гостувањата на мултиетничкиот хор Симбиоза од Скопје како и на годишните концерти на КУД Илинден Струга и студиото за модерен балет БАХ од Струга, кои работат при Центарот за култура „Браќа Миладиновци“. На музичката сцена беа присутни изведувачи од повеќе земји иако главен акцент е ставен на домашните изведувачи и артисти и нивно промовирање. Настаните се по хронолошки редослед:

06.01.2017 – Dreaming of a white DrimON (Сон за Бел ДримОН) – културна програма во организација на ИНКА (концерт на Fighting Windmills и DJ Сет на Maggie I DJ Боби),

13.04.2017 –Концерт на мултиетничкиот хор Симбиоза,

18.04.2017 – Велигденски концерт на Trio Gentlemen,

25.05.2017 – Концерт по повод десетгодишнината од основањето на средното музичко училиште „Тодор Скаловски – Тетоец“,

10.06.2017 – Детски фестивал на албански јазик – ВАЛЦ во организација на Фиторе Истрефи,

17.06.2017 – Годишен концерт на КУД ИЛИНДЕН,

21.06.2017 – Годишен концерт на музичкото студио СОНАТА

28.06.2017 – Концерт на Вокално-инструменталната секција при КУД Илинден – Струга

01.07.2017 – Годишен концерт на балетското студио БАХ

11.07.2017 – Концерт на учесниците од семинарот по соло пеење, во организација на музичкото студио СОНАТА

16.07.2017 – ФОЛКЛОРЕН МОСТ, Меѓународна фолклорна манифестација, проект финансиран од Министерството за култура на РМ

20.07.2017 – Баклава – концерт. Проект финансиски подржан од Министерството за култура на РМ

27.07.2017 – Сана Гариќ – концерт (Дримон)

28.07.2017 – ФОЛТИН – Концерт (Дримон)

28.07.2017 – DJ ARDIMANN NATTY FIYAH SS (Дримон)

29.07.2017 – BAD COPY  и DJ GOCE SAF – Концерт (Дримон)

30.07.2017 – TRENDKILL, SYBIL и  SUBWAY DJ`S (Дримон)

04.08.2017 – Концерт на Оркестар на зурли и тапани Вевчани и етно групата “Меџидија“ (Музички корени) – Проект финансиски поддржан од Министерство за култура на РМ

10-12.08.2017 – Интернационален арт фестивал „Езерски Бисери“

30.09.2017 – Avec l`amour – Концерт - Дримон

01.10.2017 – Repetitor & Mirko Popov – Концерт – Дримон

01.10.2017 – Промоција на традиционални танци од Европа – концерт кој се одржа на платото на Центарот за култура,

20.10.2017 – Мултиетнички фестивал за деца девети по ред, проект финансиран од Министерството за култура на РМ

24.12.2017 – Новогодишен концерт на музичкото студио СОНАТА

 

v      Драмска дејност

             Во текот на 2017 година, Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, во сопствена и во соработка со други драмски студија и групи, реализира шест драмски претстави со различни жанрови.

06.01.2017 – Dreaming of a white DrimON (Сон за Бел ДримОН) – културна програма во организација на ИНКА (моноспектакл „Писма од земјата“ на Никола Тодороски),

29.04.2017 – Театарска претстава за деца „Снежана и седумте џуџиња“, режија и драматизација, драмско студио Миладин,

15.05.2017 – Театарска претстава за возрасни „Тајната на свештеникот“, од И. Кохомски, режија и драматизација Ристе Миладинов, драмско студио Миладин. Проект одржан со финансиска помош од Министерството за култура на РМ,

20.05.2017 – Театарска претстава за деца „Снежана и седумте џуџиња“(реприза за средните училишта), режија и драматизација, драмско студио Миладин,

27.05.2017 – Драма „Првин ќе ме земеш после ќе ме“, режија Ѓорѓи Ризески, продукција Театар Крик,

28.07.2017 – „Гига Мега Бајка“ – Театар за деца и младинци (во рамките на Дримон фестивал),

30.07.2017 – „Да го поздравиш и да ми го бациш“ – Театарска претстава на Артопиа (во рамките на Дримон фестивал),

17.10.2017 - Театарска претстава за деца „Снежана и седумте џуџиња“ (реприза за основните училишта), режија и драматизација, драмско студио Миладин,

 

 

v Проекции на филмови

Во овај период беше премиерата на најновата македонска филмска продукција на Авард Филм и Видео, филмот „Ах љубов моја“ –во режија на Вардан Тозија, а во соработка со KАТАВЕЈ Филм и медија, исто беше организирана Недела на детскиот филм во која беше прикажан холандскиот детски мега хит „Малиот Гангстер“.

 

20-26.04.2017 – Премиера на детскиот холандски филм „Малиот Гангстер“,

05-07.05.2017 – Премиера на македонскиот игран филм „Ах љубов моја“

20.10.2017 – Проекција на филмот „Слава “, филм на Кристина Грозева и Петар Валчанов 

 

 

v Ликовна дејност

 

Во соработка со повеќе уметници и институции беа организирани следните изложби:

06.05.2017 – Изложба на апсолвенти по ликовна уметност од Тетово

01.06.2017 – Изложба на стари фотографии од холандски туристи

10.07.2017 – Изложба на Владимир Младеновски

23.07.2017 – Изложба на Драган Стефаноски – По трагите на светлината 2

26.07.2017 – Отварање на ликовен павиљон ПАРАТИСИМА + ФРАГМЕНТАЦИЈА – изложба на Наташа Гелева (во рамките на Дримон фестивал)

27.07.2017 – AccessAbility – Изложба летна сцена (Дримон)

28.07.2017 – Artvertizing for fair press – Изложба на постери (Дримон)

19.08.2017 – Изложба на Здравка Крстиновска насловена: „енкаустика„

30.09.2017 – Годишна изложба на ликовни уметници од Струга – проект со финансиска поддршка од Министерството за култура на РМ

23.12.2017 – Папата и новата кукла – Изложба на Сашо Блажески во рамките на проектот Меѓугалериска соработка кој е подржан од страна на Министерството за култура на РМ

 

 

v Библиотечна дејност

Јавната библиотека работи при Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ Струга, активностите опфаќаат повеќе области вклучени во библиотечната дејност, како набавка на книжен фонд, одржување на промоции на нови наслови, како и промоции на наслови од современата македонска и светска белетристика. Во рамките на активностите со финансиска подршка од Министерството за култура на РМ, а во соработка со издавачката куќа Сакам Книги на 20-ти октомври, беше организиран МИНИ САЕМ на книгата, а исто така редовно се организираат и посети на библиотеката од учениците од основните и средните училишта од Струга и околината. Исто така, со помош на средствата од Министерството за култура се збогатува книжниот фонд на библиотеката.

 

v Промоции на книги

 

30.11.2017 – Промоција на книгата „Говорот на телото“ од Проф. Д-р Зендел Абедин Шехи

 

 

v Јубилеи, трибини, патронати и други активности

 

24.02.2017 – Трибина на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ

06.03.2017 – Приредба во организација на градинката “8-ми Март“

18.03.2017 – Хуманитарен концерт во организација на Црвен Крст Струга

07.03.2017 – Концерт во организација на општина Струга по повод &-ми март денот на учителите

22-23.04.2017 – Избор за највелигденско јајце

29.04.2017 – Здружение на пензионери активности

22.05.2017 – Магична сол, циркус

23.05.2017 – Доделување на дипломи од средното училиште „Јахја Кемал“

26.05.2017 – Домијада

04.06.2017 – Форма Вита – мега зумба забава

24.06.2017 – Струга креативен град – мултимедијален хепенинг

06.07.2017 – Струшки книжевни средби 2017 (7ми по ред) – во организација  на Петко Шипинкароски

27.07.2017 – “ЈАС СУМ ЦАЦКО“ – Мотивациона говорница (Дримон)

28.07.2017 – „Бегалци во сопствената земја“ -Промоција на новиот број на списанието Лице в лице – Дримон фестивал

28.07.2017 – „На ти го дај ми го“ – Панел дискусија (Дримон)

29.07.2017 – ПАРАТИСИМА – Скопје презентација (Дримон)

29.07.2017 – Жени со мустаќи – дебата со Ана Јовковска (Дримон)

30.07.2017 – Да се сретнеме на половина пат – Танго работилница (Дримон)

01.08.2017 – „Ноќ спроти Илинден“ – традиционална манифестација во организација на Здружението Наша Струга

04-06.08.2017 – Културен форум – Предание и континуитет на тема: Постмодерна

23.08.2017 – Струшки вечери на поезијата – отварање – плато

02.10.2017 – Меѓународен универзитет Струга, доделување на дипломи

03.10.2017 – Дебата на кандидатите за градоначалници на општина Струга

10.10.2017 – Национален Младински Совет на РМ (фоаје)

12.10.2017 – Конвенција на БЕСА

19.10.2017 – Циркус од Гостивар

03.11.2017 – Собир на Млади библиотекари

11.11.2017 – Свечена академија – 200 години од раѓањето на Наум Миладинов 1817-2017 

Подготвил                                                                                          В.Д    Директор 

Јасмина Попоска                                                                        Богомир Наумоски

                                                                                                 НУЦК Браќа Миладиновци- Струга

                                                                                                                                      Кон.тел. 046/786-131

                                                                                                                                Email: kulturastruga@gmail.com

4 Коментари

Остави коментар

Коментирај