C Центар за Култура "Браќа Миладиновци" - Струга
Oct, 17

МУЛТИЕТНИЧКИ ФЕСТИВАЛ ЗА ДЕЦА

Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ (ЛЕТНА СЦЕНА), на 20-ти октомври со почеток во 12:00 часот, по девети пат ќе се одржи Мултиетничкиот детски фестивал.

Оваа година на фестивалот ќе настапат студиото за модерен балет БАХ од Струга, КУД ИЛИНДЕН од Струга, Rrezet e Struges, културно-уметнички друштва од Ресен, а предвидени се и соло изведби.

Организатор на фестивалот е Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ од Струга, а финансиски е подржан од Министерството за култура на Република Македонија.

Фестивалот ќе започне во 12:00 часот.
ВЛЕЗ БЕСПЛАТЕН

0 Коментари

Остави коментар

Коментирај