C Центар за Култура "Браќа Миладиновци" - Струга
Oct, 17

Наративен извештај за работата на НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, во периодот јануари-јуни 2017 година

НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга

 

 Наративен извештај за работата  на НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, во периодот јануари-јуни 2017 година

 

 

 

Наративниот извештај за работа на Националната установа – Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга во периодот од јануари до јуни 2017 година, содржи наративен преглед на реализираните програми и проекти од културата, во поединечните области и дејности на создавање и посредување во културата и уметноста во Струга.

 

v Музичко-сценска и фолклорна дејност

Музичко-сценската и фолклорната дејност во овај период беа од најразновиден карактер, најчесто застапени се концертите со класична музика, детски фестивали, настап на фолклорните групи и ансамбли, жанровски распределени, на тој начин доближувајќи до поширока публика, од деца на најрана возраст преку млади, што е и една од најважните таргет групи, до повозрасните љубители на музика. Посебен интерес кај публиката имаше за гостувањата на хорот СИМБИОЗА од Скопје како и за годишните концерти на КУД ИЛИНДЕН и музичкото студио СОНАТА. Хронолошки се одржаа следните настани од оваа област:

v 06.01.2017 – Dreaming of a white DrimON (Сон за Бел ДримОН) – културна програма во организација на ИНКА (концерт на Fighting Windmills и DJ Сет на Maggie I DJ Боби)

v 13.04.2017 –Концерт на мултиетничкиот хор Симбиоза

v 18.04.2017 – Велигденски концерт на Trio Gentlemen

v 25.05.2017 – Концерт по повод десетгодишнината од основањето на средното музичко училиште „Тодор Скаловски – Тетоец“

v 10.06.2017 – Детски фестивал на албански јазик – ВАЛЦ

v 17.06.2017 – Годишен концерт на КУД ИЛИНДЕН

v 21.06.2017 – Годишен концерт на музичкото студио СОНАТА

v 28.06.2017 – Концерт на Вокално-инструменталната секција при КУД Илинден – Струга

 

 

 

vДрамска дејност

             За време на периодот од јануари до јуни 2017-та година, Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, во сопствена и во соработка со други драмски студија и групи, реализира 4 драмски претстави со различни жанрови.

v 06.01.2017 – Dreaming of a white DrimON (Сон за Бел ДримОН) – културна програма во организација на ИНКА (моноспектакл „Писма од земјата“ на Никола Тодороски)

v 29.04.2017 – Театарска претстава за деца „Снежана и седумте џуџиња“, режија и драматизација, драмско студио Миладин

v 15.05.2017 – Театарска претстава за возрасни „Тајната на свештеникот“, од И. Кохомски, режија и драматизација Ристе Миладинов, драмско студио Миладин, Проект одржан со финансиска помош од Министерството за култура на РМ

v 20.05.2017 – Театарска претстава за деца „Снежана и седумте џуџиња“(реприза за средните училишта), режија и драматизација, драмско студио Миладин

v 27.05.2017 – Драма „Првин ќе ме земеш после ќе ме“, режија Ѓорѓи Ризески, продукција Театар Крик

 

vЛиковна дејност

За време на овие шест месеци се организираа три доста занимливи изложби, со голема посетеност од граѓаните

v 06.05.2017 – Изложба на апсолвенти по ликовна уметност од универзитетот од Тетово

v 01.06.2017 – Изложба на стари фотографии направени од страна на холандски туристи

v 10.07.2017 – Изложба на Владимир Младеновски од с.Подгорци, во чест на струшкото културно лето.  

 

 

 

vПроекции на филмови

Во овај период беше премиерата на првата day – and – date проекција во Македонија, каде во ист ден во исто време, во повеќе држави се прикажа премиерата на семеејниот филм Малиот Гангстер, а исто така во соработка со KTFilm&Media, беше организирана проекција на македонскиот филм „Ах љубов моја“

v 26.04.2017 – Премиера на детскиот холандски филм „Малиот Гангстер“

v 05-07.05.2017 – Премиера на македонскиот игран филм „Ах љубов моја“

 

 

vЈубилеи, трибини, патронати и други активности

v 24.02.2017 – Трибина на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ

v 06.03.2017 – Приредба во организација на градинката “8-ми Март“

v 18.03.2017 – Хуманитарен концерт во организација на Црвен Крст Струга

v 07.03.2017 – Концерт во организација на општина Струга по повод 8-ми март денот на учителите

v 22-23.04.2017 – Избор за највелигденско јајце

v 29.04.2017 – Здружение на пензионери активности

v 22.05.2017 – Магична сол, циркус

v 23.05.2017 – Доделување на дипломи од средното училиште „Јахја Кемал“

v 26.05.2017 – Домијада

v 04.06.2017 – Форма Вита – мега зумба забава

v 09.06.2017- Трибина

v 24.06.2017 – Струга креативен град – мултимедијален хепенинг

v 06.07.2017 – Струшки книжевни средби 2017 (7ми по ред) во организација на Петко Шипинкароски

 

 

 

v Библиотечна дејност

Јавната библиотека работи при Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ Струга, активностите опфаќаат повеќе области вклучени во библиотечната дејност, како набавка на книжен фонд, одржување на промоции на нови наслови, како и промоции на наслови од современата македонска и светска белетристика. Во рамките на активностите се организираат посети на библиотеката од учениците од основните и средните училишта од Струга и околината. Исто така, со помош на средствата од Министерството за култура се збогади книжниот фонд на библиотеката, а за крајот на месец август се планира и поголем книжевен хепенинг, како проект од програмата на Центарот за култура поддржан од Министерството за култура на РМ.

 

 

 

 

 

 

 

             Подготвил                                                                                                              НУ Центар за култура

 Јасмина Попоска – стручен соработник                                                                           „Браќа Миладиновци“ – Струга                                                                       

                                                                                                                                                 Кон.тел 046/786-131

 

 

                                                                                                                                                                 Директор 

                                                                                                                                                        Слободанка Попоска

7 Коментари

Остави коментар

Коментирај