Sep, 20

Македонската Опера и Балет гостува во Струга со познатата комична опера Рита на Гаетано Доницети

На 29.09.2016 (четврток), со почеток во 20:00 часот, Македонската Опера и Балет гостува во Струга со познатата комична опера Рита на Гаетано Доницети. Влез 100 денари, а средствата од картите ќе бидат донирани за настраданите од поплавите во Скопје.

Диригент: Ѓургица Дашиќ
Режисер: Трајко Јордановски
Сценограф / Костимограф: Марија Ветеровска
Концертмајстор: Јане Бакевски
Светло мајстор: Васко Лисичов
Корепетитор: Андреја Наунов

УЛОГИ:

Рита: Полина Тасева
Бепе: Јане Дунимаглоски
Гаспаро: Невен Силјановски
Бартоло: Борко Биџовски

Инспициенти: Мирче Стојчевски, Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ, Марко Павлевски





РИТА
Либрето: Густаво Ваез



Дејството се случува во Бергамо (Италија).
Рита е сопственичка на преноќиште и вдовица на Гаспаро, сопруг кој ја малтретирал и според нејзино сознание настрадал во бродолом.
Во меѓувреме Рита го запознава Бепе, човек кој многу и помогнал во гаснењето на пожарот во нејзината куќа и се мажи за него. Новиот сопруг е сосема различен од поранешниот Гаспаро.
Рита поттикната од претходното искуство, се наметнува во новиот брак, па дури и го малтретира Бепе, на ист начин како што ја малтретирал Гаспаро.
Одненадеж се појавува Гаспаро, кој го преживеал бродоломот и сега живее во Канада, каде што се стекнал со големо богатство. Тој се вратил во Бергамо за да добие потврда дека Рита не е жива за да може да склопи брак со вереницата во Канада.
Гаспаро доаѓа во преноќиштето на Рита и го наоѓа Бепе. Во меѓусебниот разговор, Гаспаро го учи Бепе како да се однесува со жените , но при покажување на личната карта на Гаспаро , Бепе сфаќа дека тој е „починатиот“ сопруг на Рита. Го моли да му помогне да се ослободи од малтретирањето на Рита.
Единствената цел на Гаспаро е да го добие документот дека бракот со Рита не важи и применува трик за реализација на својата идеја.
Се случува дуел помеѓу Гаспаро и Бепе, а победникот треба да продолжи да живее со Рита. Но Рита и Бепе ја откриваат измамата.
Гаспаро го добива бараниот документ, а Рита и Бепе продолжуваат да живеат во среќен брак, зашто Рита му ветува на Бепе дека нема повеќе да го малтретира.

0 Коментари

Остави коментар

Коментирај