C Центар за Култура "Браќа Миладиновци" - Струга
Aug, 09

Интернационален Арт Фестивал - ЕЗЕРСКИ БИСЕРИ 2016

Меѓународниот арт фестивал – натпревар “Езерски бисери“ е натпревар на уметноста. Доаѓаат пејачи, танчери, инструменталисти и уметници од целиот свет и се натпреваруваат во своите дисциплини. Нив ги оценува стручно жири во состав:
ВАДИМ ПАЛМОВ е познат руски пијанист, еден од најголемите претставници на Петербуршката школа за пијано, ученик на познатиот професор Натан Перелман.
Андријана Јаневска естраден уметник и професор по соло пеење на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на катедра за популарни жанрови
Мецосопранот Иванка Нинова, Доцент на НМА ”Панчо Владигеров” - Софија.
Сања Шутевска балетски педагог и кореограф, Професор во ДМБУЦ “Илија Николовски - Луј“ во Скопје.
Владимир Вовченко заслужен работник во културата на РФ, директор на детското музичко школо “Мајкапара“,член на сојузот на композитори на Русија.
Даница Стојанова професор по пијано и камерна музика
во ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј“ во Скопје.
Виктор Бабарикин заслужен артист на Република Белорусија, диригент на Претседателскиот оркестар на Белорусија,
Јован Бицевски – Професор по виола и директор во
ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј“ во Скопје, Македонија

Натпреварот, традиционално, се одржува секоја година во Струга, а оваа година натпреварувачкиот дел е на 8 и 9 август, а најдобрите ќе одржат концерт на гала вечерта на 11.08.2016 (четврток), со почеток во 21:00 часот.
Влез бесплатен.

8 Коментари

Остави коментар

Коментирај