C Центар за Култура "Браќа Миладиновци" - Струга
Aug, 01

Концерт на Љубојна во Струга

Македонската музичка сензација Љубојна, ќе одржи концерт пред струшката публика, на 4 август 2016г. (четврток), со почеток во 21:00 часот на Летната сцена при Центарот за култура "Браќа Миладиновци"
Влез 100 ден.
Зборот „љубојна“ е кованица од два контрадикторни збора, кои заедно се причински поврзани и заедно имаат смисла. Тоа е љубов и борба, борба за љубов, а љубовта може да ја толкувате како што сакате. Како опстојување на сцена, љубов кон музиката, љубов меѓу музичарите, меѓу луѓето, нема лимит.


Мисијата на „Љубојна“ е да ги спои младите и повозрасните, да покаже дека не постои стара и нова музика, туку дека треба да се негува она што ни е наследено.

0 Коментари

Остави коментар

Коментирај